Машино-Монтер

Друштвото за Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ- Скопје поседува лиценца за дистрибуција на топлинска енергија  и има потреба од вработување на 1 (едно) лице, динамично и мотивирано да работи во мултидисциплинарна и мултинационална работна средина за пополнување на позицијата:

Машино-Монтер

Со задачи да врши навремено и стручно отстранување на сите дефекти во дистрибутивната мрежа и во топлинските станици. Одговорен е за правилна експлоатација на сите постројки и опрема во дистрибутивната мрежа и топлинските станици во рамките на дистрибутивниот систем. Одговорен е за навремено и стручно постапување по сите рекламации од корисници кои се однесуваат на објекти кои се во негова надлежност. Одговорен е за техничката исправност и за хигиената во топлинските станици за кои е задолжен како домаќин. Одговорен е за одржување и сервисирање на машинскиот дел од опремата во рамките на дистрибутивниот систем.Одговорен е за испорака на топлинска енергија согласно дијаграмот за испорака во објектите кои се во негова надлежност, а кои не се под далечинска контрола и управување. Врши контрола - увид во внатрешните инсталации на корисниците.Учествува во откривање на истекување на вода од мрежа со испитување на делници и проверка на шахти. Учествува во прием и пуштање на нови топлински станици и делови на мрежа. Врши монтажа и демонтажа на арматура во топлинските станици и на дистрибутивната мрежа.Врши хидраулично напрегање, прочистување, испитување како и ремонт на дистрибутивните постројки и дистрибутивната мрежа.

Критериуми за избор:

  • Степен на образование 4/3-ССС, ССЗ  техничка насока
  • Вработување на определено време од 6 месеци со можност за  продолжување на неопределено време
  • Со или без работно искуство
  • Возачка дозвола ,,Б,, категорија
  • Работно време 40 часови неделно
  • Работникот ќе работи во три смени
  • Основна плата: 21 000
  • Избор по пат на тестирање

 

Заинтересираните кандидати можат да се пријават со доставување на писмо за интерес и биографија, а во предвид ќе бидат земени сите пријави со биографии доставени само на начин:

Електронски:     [најави се за да го видиш е-маилот]

Пријава: За работно место ,,Машино-Монтер,,

 

По пошта:

Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ- Скопје,

Ул. „Лондонска“ бр. 8   , 1000 Скопје

Пријава: за работно место,, Машино-Монтер,,

 

.Изборот на кандидатите ќе биде извршен во законски определениот рок: до 200 кандидати - 45  дена, до 500 – 90 дена и над 500 – 120 дена, по изминување на рокот за пријава.

Лице за контакт: Јагода Петрова, тел. 02/5514026.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »