Сметководител

За компанијата: Со 7 факултети, повеќе од 40 програми за додипломски, магистерски и докторски студии и школа за англиски јазик, Меѓународниот балкански универзитет започнува со иновативни и современи пристапи во образованието засновани на универзални вредности. повеќе за компанијата »

 

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Позиција:

СМЕТКОВОДИТЕЛ

 

Меѓународниот Балкански Универзитет има потреба од 2 (два) Сметководители.

Главни одговорности:

  • Книжење на целокупна книговодствена документација
  • Примање влезни и излезни фактури и нивна евиденција
  • Работа со благајна
  • Подготовка на статистички извештаи
  • Финансиски и сметководствени извештаи
  • Следење на залиха, следење на состојби на добавувачи и купувачи
  • Останати сметководствени активности согласно сметководствените стандарди.

Потребни квалификации:

  • Завршено високо образование од областа на Економски науки
  • 2+ годишно искуство
  • Познавање на јазици ќе се смета за предност
  • Работа со сметководствени програми
  • Поседување на возачка дозвола - Б  категорија
  • Лојалност и одговорност;
  • Кандидатот треба да биде комуникативнен и прилагодлив, подготвен за тимска работа во динамична работна атмосфера;

 

Личен профил:

  • Способност за индивидуална и тимска работа, како и работа под притисок;
  • Да го надградува своето знаење и вештина во сферата на стручната свера;
  • Професионален однос кон работата;
  • Одговорност и способност за организација;
  • Дискреција и доверливост;
  • Да обезбеди транспарентна комуникација со колегите и сите засегнати страни во компанијата
  • Ефективно да соработува со другите колеги за заеднички цели и за одржување на позитивна и доверлива работна средина;
  • Предлага и иницира нови идеи и активности;
  • Позитивно и ефективно да се прилагодува на промената на околностите;

 

Позицијата подразбира работа од Понеделник до Петок, со работно време од 08:00 до 16:00 часот, 40 часа неделно.

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените критериуми можат да аплицираат со биографија (CV) и писмо за препорака на следната емаил адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]

Само апликантите кои ќе влезат во потесниот круг ќе бидат контактирани за интервју.

Крајниот датум за аплицирање е: 25.11.2022

 

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »