
Плата 50.000 ден.
(преземи го огласот во Word)
Адвокатска Канцеларија Никола Тодоров, вработува:
ПОСТАР АДВОКАТ
Образование:
- Завршен Правен факултет;
- Положен правосуден испит, најмалку 7 години;
Професионално искуство:
- Најмалку 5 години работно искуство како Адвокат во адвокатска канцеларија или најмалку 4 години работно искуство како стручен соработник во Основен Граѓански суд Скопје;
- Познавање на Англиски јазик на ниво Б2;
- Напредно познавање на MS Office;
- Возачка дозвола „Б“ Категорија
Потребно е Адвокатот да има искуство и/или вештини во следниве области:
- изготвување на тужби, жалби, противтужби, барања, предлози, редовни и вонредни правни лекови и искуство во парнична и вонпарнична постапка;
- состав на преддоговори и договори на македонски и англиски јазик;
- застапување пред надлежни судови во граѓански, стопански и работни спорови, како и стечајни и ликвидациони постапки;
- одлично познавање на материјалните прописи од областа на граѓанското, трговското, стопанското, финансиското, стечајното и работното право;
- изготвување на документација за сите постапки пред Централен регистар;
- учество на преговори на англиски јазик, давање на правни консултации за време на преговори на англиски јазик и изготвување на правни мислења на англиски јазик;
- длабинска анализа на компании (legal due diligence);
- квалитетна, навремена и редовна комуникација со домашни и странски клиенти;
Плата: 50.000,00 денари + бонуси за успешност.
Службено патничко моторно возило.
Флексибилно работно време. Важно е работата да биде квалитетно завршена и клиентот задоволен!
Заинтересираните кандидати до 25.01.2023 година, можат да ги достават своите биографии со кратко мотивационо писмо на следната e-mail адреса:
Сите кандидати ќе поминат низ фазите на тестирање и интервју. Во финалното интервју покрај Адвокат Тодоров, ќе учествуваат и менаџери на некои од најголемите клиенти на адвокатската канцеларија.
Останати огласи »