Специјалист за Дигитален Маркетинг

За компанијата: ДФЛабс е признаен глобален лидер во СОАР (security orchestration, automation and response) технологија. Менаџментот на компанијата помага во обликувањето на индустријата за сајбер безбедност, која меѓу... повеќе за компанијата »
  • Објавен на 7.2019
  • DFLabs
  • Активен до 20.07.2019
  • Позиција: Останато
  • Локација: Скопје
  • Телефон: 442032864193
  • Веб: dflabs.com

За ДФЛабс 

ДФЛабс е признаен глобален лидер во СОАР (security orchestration, automation and response) технологија. Менаџментот на компанијата помага во обликувањето на индустријата за сајбер безбедност, која меѓу другото опфаќа заедничко уредување на неколку индустриски стандарди, како ИСО 27043 и ИСО 30121. Водечкиот производ на ДФЛабс, ИнкМен СОАР (IncMan SOAR), е дел од организации како Fortune 500 and Global 2000 ширум светот. ДФЛабс е присутен во Европа, Среден Исток, Азија и Северна Америка. За повеќе информации, посетете ја страницата на www.dflabs.com и следете не на Твитер @DFLabs.

 

За позицијата

Го прошируваме маркетин тимот во канцеларијата во Скопје и за таа цел бараме професионалец кој ќе биде вклучен во маркетинг активностите на дневна база. Идеалниот кандидат треба да поседува искуство и да биде проактивен дигитален маркетер кој ќе ја спроведува и унапредува маркетинг стратегијата на ДФЛабс, под закрила на Директорот на Маркетинг. Одговорностите подразбираат:

  • Развирање и спроведување успешна стратегија за дигитален маркетинг, која целосно ќе биде во согласност со постоечките стратешки маркетинг програми;

  • Ќе го зголеми онлајн присуството на компанијата преку активности како SEO, SEM, блогови, социјални медиуми, вебсајт маркетинг и имејл кампањи, и ќе работи на подобра и поефикасна inbound маркетинг стратегија;

  • Ќе работи на подобрување на SEO на веб страницата и зголемување на посетите, органиски и преку платени активности, со цел да се подобри интеракцијата и конверзиите;

  • Да ја следи постоечката да создава нова информативна и интересна содржина за таргетираната публика;

  • Создава, применува и раководи со стратегијата за социјални медиуми, а притоа развива и одржува повеќе профили на социјалните медиуми, и комуницира со инфлуенсери од индустријата за да стекне нови барања;

  • Го поддржува развојот на постоечките и на нови материјали за кампања, како креирање содржини, слики и видеа;

  • Помага во креирањето содржини согласно календарот за креирање и уредување содржини, и согласно истиот уредува и планира конкретни маркетинг кампањи во даден временски период;

  • Мери, проценува и поднесува извештаи за успешноста на сите активности поврзани со дигиталниот маркетинг, оценува цели (ROI и KPI) користејќи ги податоците за да унапреди идни стратегии;

  • Ефективно и навремено култивира интересенти (leads) за тимот на продажба.

  • Спроведува други маркетинг должности кога е потребно. 

Знаења, вештини и образование

  • Универзитетска диплома со релевантни квалификации во областа на дигитален маркетинг, со 2-4 години работно искуство. 

  • Пожелно е искуство во областа на B2B маркетинг, по можност во технологија/софтвер;

  • Докажано искуство во дигитален маркетинг, особено во примена на онлајн стратегии, со примери на успешни проекти и докажани резултати; 

  • Солидно разбирање на платен дигитален адвертајзинг и дигитален lead generation преку Google (Search, Display, Video) и на социјалните медиуми (LinkedIn, Facebook, Twitter);

  • Силни аналитички вештини, способност за следење, анализа и рапортирање на резултати и давање препораки за оптимизација и подобрување;

  • Одлични комуникациски (усни и писмени) и интерперсонални способности; 

  • Способност за функционирање во динамична средина, со изострено око за детали; 

  • Иницијативност, со способност за извршување повеќе задачи;

  • Креативност и само-мотивираност;

  • Силни стратешки, аналитички вештини и способност за проектен менаџмент;

  • Тимски играч мотивиран целосно да го унапреди маркетинг потенцијалот на ДФЛабс. 

Технички вештини:

  • Искуство со SEO алатки како Google Analytics, SEM Rush, SEO MOZ, итн;

  • Солидни технички способности и искуство со маркетинг алатки и платформи, како CMS (Process Wire), маркетинг автоматизација (Drip), CRM (Salesforce) и Social Media/SEO (SEMRush);

  • Практично познавање на Google Ads, Google Analytics и Google Tag Manager;

  • Одлично познавање на MS Office;

  • Искуство со софтвер за дизајн како Adobe Creative Suite е пожелно;

  • За предност ќе се смета користење на софтвер за креирање видеа, како Camtasia;

  • Работно познавање на HTML и CSS ќе се смета за предност.

CV-ијата можете да ги испратите на следната имејл адреса:  [најави се за да го видиш е-маилот]  или да аплицирате преку вашиот профил на kariera.mk

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »