Генерален Директор за Македонија

За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти... повеќе за компанијата »

Belupo е втора по големина фармацевтска компанија во Хрватска по пазарен удел. Основана е во 1971 година како дел од групацијата ПОДРАВКА. Таа е модерна фармацевтска компанија која е во чекор со времето, во технолошка, пазарна и развојна смисла, која ги исполнува највисоките стандарди на фармацевтската индустрија. Денес, Белупо работи на 16 европски фармацевтски пазари. 

Во име на својот клиент Belupo, Декра ја објавува позицијата: Генерален Директор за Македонија

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО

• Управува и е одговорен за целокупното работење на компанијата и претставништвото на Белупо и реализација на бизнис плановите и целите кои матичната компанија ги поставува пред него;
• Одговорен за компанијата во согласност со дефинираната стратегија на Белупо групацијата, имплементација на стратегијата на пазарот, имплементација на визијата и мисијата на компанијата на пазарот;
• Одговорен за зголемување на продажбата (органски раст), повисока профитабилност и оптимизирање на сите компаниски трошоци, оптимизирање на ефикасноста на промотивни активности и исполнување на годишниот бизнис план на пазарот;
• Во согласност и соработка со надлежниот Помошник-Директор за меѓународните пазари за Адриа регионот избира стручни соработници  и други вработени во компанијата;
• Одговорен за финансиско управување на компанијата, управување со наплата на побарувања од купувачи;
• Одговорен за развој и одржување на вредноста на брендовите на Белупо на пазарот;
• Одговорен за компанијата во согласност со законите на државата, како и за угледот на компанијата на пазарот;
• Ја контролира правната заштита на Белупо производите/брендовите на пазарот;
• Организира спроведување на правни, општи и административни работи на компанијата и претставништвото;
• Одговорен за комуникација и спроведување на прописите, стандардите и процедурите на Белупо;
• Одговорен за развој на човечки ресурси, обука на клучните менаџери на компанијата, формирање на квалитетен и професионален тим и раководење и тренинг на тимот;
• Развивање на стратегија за развој и унапредување на работата;
• Подготвува годишен предлог на бизнис план на компанијата и претставништвото и го доставува до Директорот на меѓународните пазари, најдоцна до 1 септември во тековната година за наредната година;
• Доставува месечни извештаи за работењето и активностите.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Универзитетска диплома, пожелно од областа на медицина, фармација, стоматологија или ветерина;
  • Најмалку 3 години работно искуство на раководна позиција;
  • Одлично познавање на Англиски јазик; Предност е познавање на Хрватски јазик;
  • Одлично познавање на MS Office пакетот;
  • Познавање на регулативата за регистрација на лекови и следење на сите релевантни прописи и трендови на пазарот.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Заинтересираните кандидати своите професионални биографии можат да ги проследат на:  [најави се за да го видиш е-маилот]

Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до: 11/02/2019

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост и дискреција.

Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените критериуми, ќе бидат повикани на интервју.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Останати огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »