Флекс Кредит лого

КРЕДИТЕН ИНСПЕКТОР

За компанијата: Флекс Кредит ДОО Скопје е Македонска небанкарска финансиска институција, регистрирана од Министерство за финансии на република Северна Македонија под број 13-1659/2.Компанијата обезбедува брзи потрошувачки... повеќе за компанијата »

Флекс Кредит ДОО е дел од меѓународна финансиска група, која од 2013 година обединува компании специјализирани за кредитирање на потрошувачи во Источна и Јужна Европа. Во компанијата работат над 2.000 високо квалификуван кадар и соработници, во над 250 филијали во пет европски земји – Македонија, Шпанија, Бугарија, Романија и Босна.

Согласно брзиот раст на компанијата како и тековните потреби ,процеси и активности на Флекс Кредит на територијата на Северна Македонија, објавуваме оглас за:

КРЕДИТЕН ИНСПЕКТОР

Потребни квалификации и вештини:

  • Одлични комуникациски вештини
  • Желба за непосредна работа со клиенти
  • Аналитичко размислување и вештини за приоритизирање
  • Познавање на законодавството од областа на  финансиски институции и трговски друштва
  • Способност за тимска работа 
  • Познавање на MS Office пакетот
  • ВСС - Екононски факултет
  • Релевантно искуство на иста/слична позиција  ќе се смета за предност

Опис на работни задачи:

  • Оценка на кредитниот ризик и давање на мислење за исплата на кредити 
  • Воспоставување на контакт по телефон со клиенти со цел контрола на претставената информација
  • Администрирање и воведување на податоци
  • Изготвување на мислење и анализа поврзана со одобрување/одбивање на кредити
  • Контролирање и обезбедување на релевантни информации за клиентите
  • Континуирано унапредување на процесите во Кредитниот оддел

Услови од компанијата:

  • Атрактивна плата плус месечни бонуси според политиката на компанијата
  • Можност за професионален развој и напредување
  • Можност за дополнителна обука и тренинг
  • Динамични работни услови во брзорастечка компанија

АПЛИЦИРАЈ со испраќање на биографија на  [најави се за да го видиш е-маилот] или [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »