Pharmas вработува- Стручен медицински соработник

За компанијата: PharmaS е хрватска компанија за производство и продажба на фармацевтски производи основана кон крајот на 2008 година, а со RALU логистика, Favarger, LURA инвестиции и LURA недвижен имот, е една од фирмите-членки... повеќе за компанијата »

За потребите на претставништво на хрватската фармацевтска компанија PharmaS бараме еден (1) Стручен медицински соработник (м/ж), за работа на определено/неопределено време.

Позиција

Стручен медицински соработник  за PharmaS Македонија

Од кандидатите се очекува да покажат ентузијазам за понатамошно развивање на бизнис операциите на пазарот и да бидат подготвени за имплементирање на најдобрите практики во сите области на работата.

Одговорности:

 

• Остварување на предвидениот план за продажба

• Спроведување на предвидените маркетинг активности

• Промоција, презентација и продажба на фармацевтски производи

• Посета на лекари и фармацевти во зададениот регион

• Постојан професионален развој и стручно унапредување преку присуство на конференции и семинари

• Градење на добри релации со клиентите и репрезентирање на компанијата PharmaS и производите

• Поднесување на извештаи за посетите на клиентите, продажбата, трошоците и промотивните активности во зададениот регион

Потребни квалификации:

·  Универзитетска диплома VII степен (медицина, фармација, стоматологија, ветерина) или средно медицинско училиште

·  Одлично познавање на MS office пакетот и интернет пребарувачите

·  Одлични организациски способности и вештини на планирање

·  Одлични комуникациски и презентациски вештини

·  Одлично познавање и непречена комуникација (писмена/усна) на: Англиски и Хрватски/Српски јазик

·  Валидна возачка дозвола (Б-категорија)

Профил на идеалниот кандидат:

·  Место на живеење: Скопје/Велес/Струмица/Штип/Кочани/Радовиш/Гевгелија

·  Има работно искуство на иста или слична позиција и го познава на теренот

·  Подготвен за патување

·  Ориентиран кон резултати

·  Посветен на работата и реализација на зададените цели

·  Добар слушател и комуникативен

·  Лојален и дискретен

·  Отворен и искрен

·  Тимски играч

Компанијата ќе ви овозможи:

·  Можности за градење на кариерата во успешна мултинационална компанија која брзо расте

·  Интересна и динамична работна средина

·  Конкурентен паричен надоместок соодветен на постигнатите резултати  

Доколку сте заинтересирани да станете дел од нашиот тим и ги исполнувате горенаведените услови потребно е да испратите резиме на македонски или на англиски јазик (кратка биографија) со фотографија, мотивациононо писмо како и уверение за завршено соодветно образование, најдоцна до 11.08.2020 година на е-маил:  [најави се за да го видиш е-маилот]


Ве молиме без телефонски јавувања.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »