Електро техничар

За компанијата: Р.Ж'Услуги' А,Д. Скопје е акционерско друштво кое произлезе како еден од правните следбеници од трансформацијата на ”Рудници и Железарница”Скопје-Скопје, а со тоа ги продолжува правата и обврските на... повеќе за компанијата »

РЖ УСЛУГИ АД Скопје ги смета своите човечки ресурси за клучен фактор за одржлив развој.Ние се потпираме на вештините и залагањата на нашите луѓе од сите нивоа на хиерархијата.Наша цел е да ги привлечеме, развиваме и задржиме најдобрите професионалци, при што им овозможуваме креативен развој на кариера и ги наградуваме нивните резултати. На тој начин стекнуваме долготрајни вредности и конкурентска предност.

 

РЖ УСЛУГИ АД Скопје поради проширување на својата дејност објавува оглас за вработување на

  1. Eлектро техничар
  • Електротехничар – (пожелно насока енергетика)  со најмалку три години континуирано работно искуство на работи поврзани со изведба, испитување или управување со електроенергетски постројки,трансформаторски станици, моторни погони, ниско напонски инсталации, постројки за електроенергетски мерења и испитувања и сл.
  • Избраниот кандидат ќе учествува во вршење на технички прегледи и периодични испитувања на електроенергетска опрема, електрични производи и уреди,ниско напонски елетрични инсталации.
  • Работата се извршува од 08:00 до 16:00 часот.
  • Конкурентски предности за  работната позиција:
  • Тимска работа и кооперативност
  • Познавање на Microsoft Officе, CAD софтвер и познавање на останати апликации.)

  

Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација:

·        Биографија (CV)

·        Доказ за завршено образование

Огласот трае 30 (триесет) дена од денот на објавувањето.

Кандидатите  треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон.

Вработувањето е со полно работно време (40 часа неделно).

Аплицирањето се врши со испраќање на потребните документи на следната е-маил адреса  [најави се за да го видиш е-маилот]   , со назнака “ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ – Позиција за која се конкурира “

Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.

Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.

Краен рок за пријавување: 30.08.2022

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »