ЕВН - ИДНАТА ГЕНЕРАЦИЈА

Активни огласи од ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА ДООЕЛ Скопје:

EVN - GJENERATA E RE - ЕВН - ИДНАТА ГЕНЕРАЦИЈА

Од 2006 год., вработуваме млади инженери кои донесуваат свежа и позитивна енергија во компанијата и обезбедуваат супериорна услуга кон нашите корисници. Електродистрибуција ДООЕЛ е компанија чија примарна дејност е дистрибуција на електрична енергија на територијата на целата држава. Најважната цел ни е сигурно и квалитетно снабдување на корисниците со електрична енергија. Компанијата е дел од Австриската групација ЕВН.   

Ве покануваме да земете учество во нашата Програма за учење и развој:   

ЕВН -  ИДНАТА ГЕНЕРАЦИЈА 
 
КОИ се кандидатите кои ги бараме? 
Апсолвенти/ки или штотуку дипломирани инженери/ки од областа на Електроенергетските системи кои се отворени, посветени, дисциплинирани, со желба за учење и големи достигнувања. Од нашите идни колеги/шки очекуваме конструктивен пристап и способност да се прилагодат на различни ситуации и средини, како и подготвеност за работа во различни градови во државата.  
 
ШТО нудиме? 
Можност за учење преку работа на терен, под директна супервизија на искусни колеги/шки - ментори.  
 
КАДЕ се одвива програмата?
Вашите задачи ќе ги извршувате во нашите Кориснички Енерго Центри и централни оддели каде ќе Ве обучиме и подготвиме за идните предизвици.  
 
КОЛКУ трае програмата?
Програмата трае 12-18 месеци и вклучува ротации во различни делови на организацијата, каде преку директно учество во проектите, ќе имате можност да ги развивате вашите потенцијали.  
 
КАКО? 
Вашите напори и ангажман ќе придонесат во развојот на компанискиот дух на насоченост кон нашите корисници, додека сте дел од нашата програма за професионален раст и развој.   
 
Ве охрабруваме да го инкорпорирате Вашето знаење и позитивен став во нашата компанија. Откријте го светот на ЕВН и искористете ја можноста за одличен почеток на Вашата кариера. 
 
Сакате да аплицирате? 
Испратете ја Вашата Биографија, мотивациско писмо и потврда за предвидени и положени испити на jobselektrodistribucija@evn.mk  или на  https://www.elektrodistribucija.mk/Кариера.aspx најдоцна до 15.04.2019. 
 
Ги покануваме да аплицираат сите кандидати кои ги исполнуваат условите. 
 
Електродистрибуција е компанија која нуди еднакви можности и правичен третман при вработување на сите лица без оглед на нивната раса или етничко потекло, боја на кожа, пол, возраст, здравствена состојба, вид на попреченост, религиско, политичко или друго убедување, членство во синдикати, национално или социјално потекло, семеен или социјален статус, полова определба или други лични услови.   

КЛИКНИ