Финансиски менаџер

За компанијата: „Синцеритас“ АД Скопје е фармацевтска компанија чиј фокус на работење е култивирањето и производството на канабис за медицинска намена. Работните практики и политики во нашата компанија се усогласени со... повеќе за компанијата »

Финансиски менаџер

 Задолжително е пријавените кандидати да ги исполнуваат следните услови: 

  • BСС од областа на економијата
  • Претходно работно искуство поврзано со даноци, финансии, сметководство, финансиско известување и управување со ризик.
  • 3-5 години искуство поврзано со водење и подобрување на финансиски процеси
  • Одлично познавање на Англиски јазик

Одговорности и работни задачи:

  • Развива и спроведува клучни финансиски процеси и рамки кои се соодветни за меѓународна компанија
  • Идентификува, решава и имплементира можности за подобрување на финансиите
  • Врши анализа на финансиски податоци, комплетна финансиска документација и инструкции за работа
  • Спроведување и контролирање на плаќања
  • Поврзување со засегнати страни во компанијата во однос на иницијативи за финансиски проекти
  • Обезбедува решенија, истражува и идентификува најдобри практики за континуирано подобрување на финансиското работење на компанијата
  • Комуницира со надлежни финансиски институции во врска со финансиското работење на компанијата.

Од кандидатите за бараната позиција се очекува да ги поседуваат следните вештини, способности и лични особини:

  • Одлични организациски вештини и внимание кон детали
  • Одлични способности за тимска работа
  • Способност за работа независно во динамична и разновидна работна средина

Дополнителни информации:

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите биографии можат да ги испратат на е-маил:  [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »