Соработник за финансии и администрација

За компанијата: САМЕРИМПЕКС ИМПУЛСИ е основана 1992 година. Специјализирана е за обезбедување интегрирани решенија за човековиот капитал во фирмите, како и за поддршка на нивниот организациски развој. Наша примарна... повеќе за компанијата »

За потребите на нашиот клиент, граѓанска организација, објавуваме можност за приклучување во тимот на позицијата

Соработник за финансии и администрација

Главни обврски на работното место се исполнување на тековните задачи во делот на финансиското и административното работење, како и друга техничка поддршка на проектните активности.  

Клучните задачи вклучуваат:

  • Изготвување на финансиски буџети и извештаи (за потребите на организацијата и кон клиентите);
  • Комуникација и координација со надворешното сметководство и подготовка на потребни документи и набавки;
  • Водење на процесот и процедурите за набавки на материјали и услуги;
  • Поддршка во организирање обуки, настани, конференции и слично;
  • Организирање на логистика за проектните активности;
  • Водење на деловодник и администрирање на документи;
  • Водење на касата и благајничките извештаи.

 

Позицијата нуди:

  • Приклучување кон искусен тим професионалци во динамична и пријатна работна средина;
  • Предизвик за професионална надградба во нови, иновативни области;
  • Можност за стекнување на нови знаења и вештини, во областа на финансиското работење, администрацијата и проектниот менаџмент;
  • Услови за создавање на широка мрежа на контакти во различни сегменти од општеството и искористување на креативниот потенцијал во креирањето на програмите и работата на организацијата.

 

Потребни квалификации:

  • Диплома за завршено високо образование;
  • Најмалку 2 години работно искуство во областа на финансии и администрација;
  • Познавање на финансиски и административни процедури;
  • Одлична компјутерска писменост (задолжително високо познавање на Excel, Word и Power Point);
  • Активно познавање на пишан и говорен англискиот јазик;
  • Искуството во спроведување на проекти ќе се смета за предност.

 

Лични вештини и карактеристики:

  • Развиени комуникациски вештини и вештини за тимско работење,
  • Пристап кон работата со чувство на лична одговорност кон превземените задачи
  • Самоиницијативност за решавање на тековни прашања

 

Доставете биографија (CV) и  писмо за изразување на интерес на македонски јазик, по електронска пошта на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака за: Соработник за финансии и администрација) најдоцна  до 16.11.2019. Избраните кандидати според критериумите ќе бидат повикани на интервјy.

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »