Сигма СБ ДООЕЛ лого

Имплементатор на софтверски решенија

За компанијата: За Сигма-СБ Сигма-СБ е специјализирана компанија за имплементација на IT решенија за компаниски менаџмент чиј производ е познатиот деловен софтвер SSB ERP. Сигма-СБ врши оптимизација на финансиското... повеќе за компанијата »

Имплементатор на софтверски решенија

Работни задачи: 

  • Анализа и документирање на потребите на корисниците на софтверот
  • Прибирање и документирање на јасни, концизни и недвосмислени функционални спецификации за софтверско решение
  • Управување со промени на договорени барања во однос на рок и содржина, со цел навремено исполнување на договорени рокови
  • Tесна соработка со проект менаџери, програмери и останати учесници во проектот со цел постигнување на најдобри резултати
  • Извршување на проектни активности според дефинирани проектни задачи
  • Дефинирање на задачи за останати членови на тимот
  • Контрола и тестирање на новите софтверски функции кои произлегуваат од доделените задачи
  • Организирање и спроведување на обуки според кориснички потреби
  • Подготовка на извештаи за статус на проект
  • Останати активности неопходни за реализација на проектот

Вештини:

  • Напредно познавање на процеси од деловното работење во компаниите
  • Напредно познавање на економска терминологија која се користи во областа на компаниски менаџмент
  • Одлични аналитички вештини
  • Напредни комуникациски вештини
  • Вештини за пишување
  • Вештина за работа на повеќе проекти и менаџирање на сопственото време
  • Основно ниво на информатичко знаење

Области од кои е потребно знаење (општо познавање):

  • Општ бизнис менаџмент
  • Финансиски менаџмент
  • Управување со производство, трговија и залихи (магацини)
  • Управување со дистрибуција и големопродажба
  • Малопродажба

Образование (посакувано): 

  • Бизнис администрација – општ менаџмент, финансиски менаџмент или
  • Економија – сметководство, е-бизнис, финансии или
  • Компјутерски науки – програмирање, администрација на бази на податоци, дизајн на софтвер

Предност ќе имаат кандидатите кои имаат

  • Солидно познавање на бази на податоци (MS SQL)
  • Искуство во имплементација на ЕРП системи

Работно време

  • Редовно работно време на Сигма-СБ е од 08-16 ч. од понеделник до петок
  • Објавеното работно место е за работа од далечина со флексибилно работно време

Пријавување 

Начин на избор

  • Изборот на кандидати ќе се врши врз основа на доставена документација, тестирање и интервју. Сите апликации ќе бидат разгледани и оние кандидати кои ги исполнуваат условите, ќе бидат повикани на понатамошен процес на селекција. Сите кандидати ќе добијат известување за статусот на нивната апликација 7 дена по завршување на огласот.

 

Рок за пријавување: 5 Март 2023.

 

Со испраќањето на Вашата кратка биографија(CV) и мотивациско писмо, согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на СИГМА-СБ

Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на посочената електронска пошта

 

 

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »