Кредитен консултант во филијала Неготино

За компанијата: Креди ЈЕС е финансиско друшто кое нуди решенија за микрокредитирање на физички лица со износ на кредити од 3000 до 90 000 денари. Креди ЈЕС ви нуди брзи и поволни потрошувачки кредити со флексибилни рати... повеќе за компанијата »
  • Објавен пред 3 недели
  • Credi Yes Skopje
  • Активен до 11.06.2024
  • Позиција: Економист/Сметководител/Ревизор
  • Локација: Неготино
  • Веб: crediyes.mk
  • Facebook: crediyes.mk

Credi Yes е нова, современа брзорастечка компанија во областа на микрокредитирање на физички лица во Македонија. Поради брз раст, развивање и извршување на својата дејност потребен ни е Кредитен консултант во Филијала Неготино за советување на клиенти за брзи потрошувачки кредити.

Соодветниот кандидат за оваа позиција треба да биде комуникативен, проактивен, одговорен и да поседува мулти таскинг вештини применувајќи ги преку исклучителна услуга на клиенти.

Опис на работно место:

  • Комуникација со клиенти на Credi Yes на шалтер во филијала и преку телефон
  • Пополнување на документи и барања за аплицирање за кредит
  • Информирање на клиентите за нашиот продукт и услуги во филијала
  • Собирање,класификации и примарна обработка на документи
  • Конзистентно следење на обврските на клиентите
  • Работа со готовина
  • Привлекување на нови клиенти преку разни маркетинг активности

Квалификации:

  • Одлични комуникациски и организациски способности и добри вештини за продажба
  • Одлично познавање на Англиски јазик
  • Одлично познавање на MS Office (Excel,Word)
  • Образование: Пожелно е ВСС
  • Флексибилен кандидат за работно време од понеделник до сабота

Компанијата нуди:

  • Корпоративна обука во согласнот со најдобрите практики од оваа област
  • Конкурентска фиксна плата, бонуси засновани од постигнати резултати, договор за вработување,
  • Службен телефон
  • Можност за брзо напредување во рамките на компанијата

Доколку сакате да бидете дел од нашата компанија, да се развиете како професионалец, да стекнете нови знаења, вештини и способности од областа, Ве молиме испратете ни детално CV со назнака за Кредитен консултант во филијала Неготино на нашата е-маил адреса  [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »