Монета Финанциал Сервицес Дооел Скопје лого

Правник во одделот за правни работи

За компанијата:

МОНЕТА ФИНАНЦИАЛ СЕРВИЦЕС е платежна институција во Р.С. Македонија, специјализарана за услугата -брз трансфер на пари, партнер на глобалната платежна мрежа MoneyGram, со седиште во Скопје. Монета е... повеќе за компанијата »

Активни огласи од Монета Финанциал Сервицес Дооел Скопје:

Асистент за финансии / Asistent për Financa

(преземи го огласот во Word)

Друштвото за услуги МОНЕТА ФИНАНЦИАЛ СЕРВИЦЕС ДООЕЛ, Скопје, со седиште на ул.Битпазарска бр.60/1-1 Скопје-Центар пoштенски факс бр.915, кој е Давател на услугата Брз Трансфер на Пари- MoneyGram, Лиценцирана од страна на НБРСМ, oбјавува :

                                                                         ОГЛАС

                                                за Правник во одделот за Правни работи

 

Работни задачи и одговорности:

  • Изработка на договори за вработените;
  • Прибира и врши проверка на потребна документација од субагентите за склучување на договори за вршење на услугата брз трансфер на пари;
  • Изготвува договори за вршење услуга брз трансфер на пари;
  • Изготвува и договори кои следат во тековната соработка со суб-агентите;
  • Спремање на известувања и дописи, одлуки;
  • Следи и информира за промени во законската регулатива за брз трансфер на пари, Закон за спречување на перење пари и финансирање на тероризам ;
  • Подготовка и усогласување со Законот за платежни услуги и платни системи и усогласување со други закони ;
  • Асистирање во делот на АМЛ, спроведување на Програмата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам ;
  • Соработка  со Управата за финансиско разузнaвање;
  • Вршење и други административни работи по барање на главниот сметководител/и или од другите структури на управување ;
  • Извршува други работи по барање на Управителот.

 Подготовка и професионални вештини:

  • Завршено високо образование-Правен факултет
  • 3 години минимум работно искуство во соодветната област;
  • Висока флексибилност во користењето на MS Office;
  • Одлични комуникациски вештини на македонски , албански и англиски јазик ;
  • Интерперсонални вештини за управување ;
  • Организациски и аналитички вештини;
  • Самоиницијативност и посветеност на работата.

Заинтересираните кандидати своето CV со фотографија не постара од 6 (шест) месеци заедно со мотивационо писмо да го испратат на e-mail:  kariera@moneta.mk  или на адреса: ул.Битпазарска бр.60/1-1, Поштенски фах бр.915 со назнака “Оглас за Правник во одделот за Правни работи”.

Напомена:

Огласот важи од 11.07.2022 година до 25.07.2022 година, апликациите пратени со задоцнување нема да се земат во предвид. Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

Останати огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »