Шеф на продавница Струмица

  • Објавен на 3.2019
  • Нефа мебел
  • Активен до 09.03.2019
  • Позиција: Персонал во продавница/Касиер
  • Локација: Струмица
  • Телефон: 023066399

 

Дејноста на компанијата НЕФА МЕБЕЛ е сериско производство на мебел за европскиот пазар и поседува сопствен малопродажен ланец. НЕФА МЕБЕЛ е дел од рускиот кластер на мебел. Матичната компанија во Русија се состои од 3 фабрики со над еден милион парчиња мебел произведени годишно и повеќе од 1000 сопствени салони за мебел.

 

Планот за развој на бизнисот на компанијата НЕФА МЕБЕЛ во Европа до 2020 година, вклучува обем на производството на 72 000 парчиња на мебел на годишно ниво во рамките на современа фабрика, отворање на синџир на продавници - 150 продавница за мебел во Европа, како и 500 нови вработени.

 

Поради растот и развојот на пазарниот потенцијал, како и проширувањето на бизнисот, во потрага сме по кандидати кои ќе се придружат на нашиот успешен тим на позицијата:

 

Шеф на продажен салон

 

Локација: Струмица

Опис на работата:

  • Организира континуирана работа во малопродажниот објект кој е во негова недлежност.
  • Обезбедува исполнување на планот за продажба во својот малопродажен објект.
  • При прием на продавач-консултант во работен однос обезбедува истиот да ја потпише целокупната документација за пријавување во работен однос.
  • Обезбедува оперативно запознавање на вработените во малопродажниот објект со прописите (правилници, стандарди, договори и т.н.), како и со нивните измени и дополнувања кои стапиле на сила и обезбедува истите да се почитуваат.
  • На дневно ниво организира мотивациски активности за вработените во малопродажниот објект: креира потребно расположение и фокус за работа, ги запознава со планот и поделува дневни задачи, ги резимира резулатите на крајот на работниот ден.
  • При воведување на нови експонати на мебел ги запознава продавачите-консултанти со нив.
  • Врши контрола на изложувањето на експонатите да биде согласно усвоените стандарди за изложување на мебелот и пратечките експонати.
  • Организира обуки и прилагодување на новиот вработен во малопродажниот објект:
  • Ја оценува личната ефикасност  на новиот вработен
  • Активно работи на унапредување на своето знаење и вештини
  • Одговара за табелата – евиденција на работното време на вработените во малопродажниот објект
  • Обезбедува сè што е потребно за дејностите на малопродажниот објект

Доколку сакате да бидете дел од динамичен тим кој поставува стандарди и поттикнува тимска работа, испратете ја Вашата биографија и мотивационо писмо по електронски пат на следната e-mail адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака Шеф на продажен салон – Струмица.

Профил на кандидатот:

  • Минимум III степен на стручна подготовка
  • Пожелно е искуство на слични работни места во малопродажба
  • Љубезност и подготвеност за соработка
  • Фокусираност на потребите на потрошувачите
  •  

Конкурсот е отворен до 15.03.2019 година.

 

Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор.

Во процесот на селекција, кандидатите нема да бидат директно или индиректно дискриминирани врз основа на здравствената состојба или инвалидност, пол, бојата на кожата, возраст, национална припадност, религија, брачен статус, сексуална или политичка ориентација, членство во различни организации или било која друга лична карактеристика.

Забелешка: Со испраќањето на апликацијата, кандидатот се согласува дека компанијата ќе ги обработува неговите лични податоци во процесот на селекција во согласност со Законот за заштита на личните податоци

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »