Асистент во Производство

За компанијата: ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден, контакт тел.бр. (02) 551-2851 повеќе за компанијата »

ОПИС НА КОМПАНИЈАТА:

Van Hool е реномиран производител на автобуси и комерцијални возила од Белгија. Van Hool е најголем независен производител на автобуси во Европа со над 4,000 вработени. Повеќе од 60 години Van Hool е препознаен по својот оригинален, динамичен и прилагоден кон клиентот дизајн, како и по високиот квалитет и современите технолошки решенија.

За растечките потреби на нашиот производен капацитет Ван Хоол Македонија, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје2, во Бунарџик/Илинден отвораме нови работни места за следниве позиции:

РАБОТНА ПОЗИЦИЈА: Асистент во Производство

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Ги следи инструкциите од страна на претпоставениот Супервизор согласно описот на работното место
  • Ги извршува сите административни работи поврзани со производните активности во одделот – подготвува дневни извештаи за производството, внесува податоци во соодветни информатички системи согласно интерните правила на компанијата, итн.
  • Помага на Супервизорот при подготовката и извршувањето на планот за производство
  • Предлага мерки и активности за подобрување на квалитетот и ефикасноста во одделот
  • Администрира обуки на вработените во контакт со Тренинг координаторот и одговорните во одделот
  • Води тековна евиденција за редовност, отсуства од работа, оперативно ја организира прекувремената работа во однос на храна, превоз, итн.   
  • Учествува во подготовките на работни инструкции
  • Ги следи, почитува и помага во спроведување на мерките за заштита при работа

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • ССС
  • Претходно работно искуство во производствена средина ќе се смета за предност
  • Солидно познавање на Англиски јазик
  • Солидно познавање на компјутерски операции
  • Способност за прецизна работа со детали
  • Способност за работа под притисок и кратки рокови

ШТО НУДИМЕ:

  • Конкурентни месечни примања
  • Раст на платата минимум еднаш годишно според успехот
  • Регрес за годишен одмор од 23.100 денари
  • 24/7 дополнително осигурување од незгода
  • Бесплатен топол оброк со избор на повеќе менија  во кантина со ресторански стандард
  • Обезбеден превоз до/од работното место
  • Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа
  • Можност за стекнување на меѓународно препознаени сертификати за стекнати професионални вештини
  • “Купи со попуст” - одобрени попусти за вработени во одредени продажни места

Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV (работна биографија) на англиски или на македонски јазик на https://www.vanhool.com/mk, во делот “Кариери”.

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор. 

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци. 

 

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »