Сметководител

За компанијата: MY:TIME е компанија со семејна традиција од 1920-та година за продажба, дистрибуција и сервисирање на високо квалитетни часовници и накит. Нашите брендови на часовници и накит се застапени во 15 продажни... повеќе за компанијата »
  • Објавен на 1.2018
  • MY:TIME
  • Активен до 24.01.2018
  • Позиција: Економист/Сметководител/Ревизор
  • Локација: Скопје
  • Веб: www.mytime.mk
  • Facebook: mytimemk

Најголемиот ланец на малопродажни салони за брендирани часовници и накит во Македонија – MY:TIME има потреба од:

 

 Сметководител

 

Кандидатот треба да ги исполнува следните услови:

  • Високо образование – Економски факултет,
  • Минимум 1 година работно искуство во областа на сметководство,
  • Високо познавање на Microsoft Office,
  • Одлично познавање на Англиски јазик (говорење и пишување),
  • Познавање на законските регулативи од областа,
  • Претходно искуство во работа со Pantheon ERP ќе се смета за предност.

 

Работни обврски:

  • Oбезбедување на усогласеност од правен, даночен и регулаторен аспект во доменот на сметководственото работење,
  • Обезбедување навременост, точност и корисност на даночните пријави,
  • Комуникација со банки и државни органи,
  • Управување на сметките за побарувања и обврски,
  • Дневна контрола на книжењето на трансакциите,
  • Пресметка и исплата на сите примања на вработените,
  • Изготвување статистички извештаи од доменот на сметководството,
  • Обезбедување комплетност и точност на подготвените извештаи и податоци,
  • Книжење на документи,
  • Креирање на фактури и сите пропратни финансиски документи,
  • Изработување и испраќање извештаи за извршени уплати од страна на комитенти,
  • Изготвување на калкулација по девизен заклучок и праќање известување до бренд менаџерите и координаторите на магацин за истата,
  • Проверка на податоците од увозни и извозни декларации,
  • Вршење на сите неопходни пресметки,
  • Вршење на други сметководствени и книговодствени задачи,
  • Следење на промените во соодветните законски регулативи.

 

Услови за работа:

  • Работно време:  понеделник до петок, 09:00 – 17:00ч.

 

Доколку сте чесна, културна и трудољубива личност која е подготвена да одговори на секојдневните предизвици на магацинското работење, аплицирајте на овој оглас на маилот:  [најави се за да го видиш е-маилот]

Ќе бидат исконтактирани единствено кандидатите кои ќе влезат во потесен избор.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »