За компанијата: ВДЛ ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден, контакт тел.бр. (02) 551-2851
повеќе за компанијата »ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден, контакт тел.бр. (02) 551-2851, има потреба од нови вработувања за извршување на работни задачи на работното место:
ПРОИЗВОДЕН ИНЖЕНЕР
Потребни квалификации, вештини и искуство:
- ВСС – Машински инженер; (пожелно Моторни возила, Мехатроника)
- Одлично познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори);
- Одлично познавање на MS Office;
- Одлично познавање и работа со графички софтвер AutoCAD, Solidworks, предност ќе се смета искуство со PTC Creo (Pro/ENGINEER)
- Работно искуство од најмалку 2 (две) години во производна средина, а предност ќе имаат апликантите со искуство во автомобилска индустрија;
Работни задачи и одговорности:
- Дава техничка поддршка на вработените во производство, користејќи листа на материјали, работилнички цртежи и работни упатства;
- Известува за технички проблеми и го води процесот при изнаоѓање на решение во соработка со инженеринг тимот на Ван Хоол Белгија;
- Директно го води процесот при промени во дизајнот и листата со материјали;
- Иницира, собира, рагледува, проценува и проследува до инженеринг тимот на Ван Хоол Белгија предлози за подобрување на производствениот процес и дизајнот на возилата
Што нудиме:
- Компетитивни месечни примања на пазарот на труд во РМ;
- Можност за професионално усовршување и обука кај еден од најреномираните производители на автобуси;
- Работа во безбедна и здрава околина со почитување на сите норми за безбедност и здравје при работа;
- Обезбеден автобуски превоз до работното место и назад;
- Обезбедена исхрана во современа кантина;
Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV (работна биографија) на англиски или на македонски јазик на www.vanhool.mk , во делот “отворени работни места”.
Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор.
Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци.
Краен рок за доставување на апликациите: 15/01/2021
Слични огласи »