За компанијата: ПОЧЕТОЦИ И ИСТОРИЈА
КАМ доо е најголем национален хард-дисконт и трговец-лидер во малопродажбата во Македонија. КАМ ги следи принципите на хард-дисконт: висок квалитет по ниски цени. Зад успехот на КАМ...
повеќе за компанијата »КАМ доо е најголем синџир на маркети во Македонија кој ги применува основните принципи на хард дисконт: Висок квалитет и постојано ниски цени. Присутни сме во три земји со повеќе од 100 продавници, а успехот на компанијата го обезбедуваат 1.200 вработени кои посветено и професионално ја извршуваат својата работа.
Бараме амбициозни вработени, ангажирани и високомотивирани личности кои ќе придонесат за натамошниот успех и развој на нашата компанија и нудиме возбудливи задачи и проекти во динамична и интернационална средина, и со цел проширување на нашиот тимот во сектор набавка, бараме личност која ќе се придружи на нашиот тим на позиција:
ПОМЛАД КОМЕРЦИЈАЛИСТ
Услови кои треба да ги исполнувате:
- Завршено високо образование: Економски, Земјоделски, Ветеринарен или Технолошки факултет,
- Минимум 1-2 години работно искуство, предност во областите наведени во огласот,
- Одлично познавање на анлиски јазик, предност со познавање и германски јазик,
- Одлично познавање на работа на компјутер (MS Office) предност познавање на софтвер Enterprise resource planning (ERP),
- Способност за тимска работа, работа под притисок и почитување на предвидените рокови,
- Изразени лидерски и комуникациски способности,
- Одлични преговарачки, аналитички и организациски вештини,
- Следење на пазарот и конкуренцијата,
- Изготвување предлози поврзани со тековното работење,
- Останати активности по налог на претпоставен.
Предвидено е обемно воведување во работата со обука од ментор и стекнатото знаење подоцна ќе се очекува да го примените во некои од следниве групи на производи:
- Хемија: средства за перење и чистење, козметика и средства за лична хигиена
- Основни прехрамбени производи
- Кондиторија, солена програма, слатка програма
Ние Ви нудиме:
- Обемно воведување во работата со обука која ветува напредок и успех во работата. Интензивно ќе бидете обучувани од ментор и ќе се запознаете со инструменти коишто подоцна ќе Ви бидат потребни при самостојно извршувањето на Вашите деловни задачи
- Навремени и сигурни примања,
- Исплата на регрес во износ повисок од законски пропишаниот,
- Слободен ден за роденден,
- Платено приватно здравствено осигурување за вработени кои работат над 2 години во Кам;
- Ваучер за склучување на брак; пакет производи за Бадник и Велигден
- Попуст за вработени во хотел Вилиџ во Охрид;
- Работа во интернационална компанија,динамична работа исполнета со нови предизвици и стекнување нови искуства и вештини;
Доколку сте во потрага за нови професионални предизвици, мотивирани и подготвени за нови успеси, испратете персонална биографија (CV) на следната адреса: КАМ ДОО Персонален оддел ул. 35 бр.39, 1041 Илинден или на E-mail: personal@kam.com.mk
Апликација за работа можете да испратите и преку нашата интернет страница
web: www.kam.com.mk
Изборот ќе се изврши во рок од 15 или 30 дена во зависност од бројот на пристигнати апликации.
Само кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе влезат во потесниот избор и ќе бидат контактирани.
Слични огласи »