Специјалист за усогласеност со прописи

За компанијата: ФД ИутеКредит Македонија ДООЕЛ е финансиско друштво со седиште во Скопје, кое работи од јули 2017 година. Креираме исклучително искуство во областа на личното финансирање, со надминување на очекувањата... повеќе за компанијата »

Финансиското друштво Иуте Кредит Македонија, кое најбрзо и најкомфорно нуди кредити за физички лица има отворени позиции за:

Специјалист за усогласеност со прописи

Успешниот Специјалист за усогласеност ќе биде одговорен за целокупното следење на постојните политики и процедури и за обезбедување упатства за менаџерите на одделенијата кога се потребни нови политики.

Главната функција ќе биде поддршка за покривање на локалните активности и барања, извештај за контрола, обезбедување на совети и поддршка каде што е потребно и соодветно, консултирање и поддршка на развојот и ажурирањето на политиката за усогласеност, помагање на раководството на соодветен начин кон локалните ризици поврзани со усогласеноста.

 

Главни одговорности:

  • Спроведување и управување со ефективна програма за усогласеност и политиките на компанијата.
  • Развива и одржува шаблони за усогласеност, листи за проверка, работни упатства итн
  • Советување на раководството за усогласеноста на компанијата со законите и регулативите преку детални извештаи.
  • Креирање и управување со ефективни акциони планови како одговор на откритијата за ревизија на усогласеноста.
  • Редовно ревидирање на постапки, практики и документи на компанијата за да се идентификуваат можните слабости или ризик.
  • Ревидирање на документи кои се презентираат пред клиентот за усогласеност со законските и регулаторните барања.
  • Учество во креирање и ревидирање на кредитната документација.
  • Учество во едуцирање на вработени за најновите регулативи и процеси.
  • Помага во одговорот на регулаторните и правните истраги презентирани на компанијата
  • Обезбедување на практични и навремени совети за внатрешните чинители за усогласеноста со политиките и релевантните правни и регулаторни барања за обласистите за усогласеност, вклучувајќи AML, CTF, KYC, CDD, заштита на податоците итн.
  • Спроведување на други должности како што се назначени и сметани за потребни од претпоставените

Потребно искуство и вештини:

  • Универзитетска диплома од правни или економски студии
  • Најмалку 1 година претходно искуство во финансиска, консултантска или слична институција
  • Познавање на локалното законодавство во однос на активностите на Иуте Кредит
  • Широко познавање на стандардите за усогласеност како што се AML, CTF, санкции, заштита на интересите на клиентите итн
  • Добро разбирање на понудените услуги, производи и процеси на финансиската индустрија и поврзаните области на ризик, особено на финансиските и регулаторните
  • Силни интерперсонални вештини, интегритет, етичко однесување, аналитички и истражувачки вештини, вештини за изготвување извештаи, критичко размислување
  • Критичко размислување ориентирано кон ризици, донесување одлуки кои одговараат на нивото на позицијата, способност за дефинирање на проблеми, толкување на податоци и проценка на опциите за различни сложени случаи.
  • Способност за комуницирање, изготвување извештаи, и способност директно да работат со менаџментот и регулаторите.
  • Сертификати или обуки за ориентација на усогласеност се смета за плус;
  • Мултитаскинг, способност за одредување приоритети;
  • Познавање на англиски јазик
  • Одлично познавање на пакетот– Microsoft Оffice

 

Компанијата нуди:

  • Атрактивна плата и бонуси
  • Позитивна, динамична и мотивирачка работна атмосфера
  • Можност за стручни и едукативни обуки
  • Договор за вработување на неопределено време, по 6 месеци вработување на определено време во зависност од резултатите на работењето

 

Испратете своја биографија со работно искуство и вештини на [најави се за да го видиш е-маилот] , до 10ти април 2019

 

Вашата апликација ќе биде третирана со строга доверливост. Ќе бидат контактирани само апликантите со потесен избор. 

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »