Систем Инженер во Напредни Технологии (neoCloud и neoDC)

За компанијата: Формиран во далечната 1990 година како акционерско друштво со целосно македонски капитал, Неоком е една од водечките бизнис ИТ компании. Низ годините се оформи како пример и за останатите ИТ компании... повеќе за компанијата »

Согласно потребите за проширување на компанијата, Неоком како лидер на македонскиот пазар за напредни ИКТ решенија има отворени позиции за:

Работна позиција: Систем Инженер во Напредни Технологии (neoCloud и neoDC)

Работни обврски:

  • Мониторирање на neoCloud cloud computing платформата
  • Провизионирање на neoCloud услугите
  • Поддршка на крајните корисници на neoCloud
  • Евалуација на потенцијални услуги за neoCloud портфолиото на услуги
  • Изготвување на предлог решенија
  • Предпродажни активности со корисниците и поддршка на продажниот тим
  • Изготвување на технички документации за имплементираните решенија / услуги
  • Континуирана официјална едукација од производителите на опремата и решенијата
  • Давање на предлози за унапредување на тековната работа и портфолио на услуги и решенија

Потребни квалификации:

  • Стекнато високо образование од факултетите ФЕИТ, ФИНКИ или сродни
  • Активно познавање на англиски јазик (говорен и пишан)
  • Активен возач со возачка дозвола “Б” категорија
  • Работа со Microsoft Office и Office 365 пакетите
  • Подготвеност за постојано професионално усовршување
  • Познавање на Microsoft / Linux скриптирање

Нудиме:

  • Динамичка средина исполнета со континуирано професионално усовршување преку сертифицирани обуки од самите производители на опрема и решенија
  • Посета на светски меѓународни конференции за професионално усовршување и претставување на компанијата
  • Тимска работа и колегијалност
  • Здрава работна атмосфера и бенефиции

Доколку сметате дека се квалификувате за бараната работна позиција, испратете го вашето CV на [најави се за да го видиш е-маилот] . Само кандидатите кои се квалификуваат за потесен избор ќе бидат контактирани. Огласот трае до 26.07.2021. 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »