Администратор за позадинско работење – back office

За компанијата: Ризико Осигурување АД Скопје е акционерско друштво регистрирано за извршување осигурително брокерски работи со дозвола за работа издадена од Агенцијата за супервизија на осигурување на Република Македонија. Ризико... повеќе за компанијата »

(преземи го огласот во Word)

РИЗИКО ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје

објавува

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

 

Работно место: Администратор за позадинско работење – Back office

 

Ризико Осигурување АД Скопје е акционерско друштво регистрирано за извршување осигурително брокерски работи со дозвола за работа издадена од Агенцијата за супервизија на осигурување на Република Македонија.

Ризико Осигурување АД Скопје е основано во 2017 година. Во друштвото работат лица со долгогодишно искуство во осигурителниот сектор со поставена мисија да овозможат  максимално квалитетна заштита од идни ризици на своите клиенти, преку давање навремена и транспарентна можност за избор на производи од понудената палета на производи од осигурителните компании застапени на македонскиот пазар.

Опис на работните задачи:

  • Анализа, утврдување разлики и сложување на издадени полиси, картици на клиенти, издадени фактури;
  • Анализа на исполнување на поставени продажни планови;
  • Евиденција, задолжување и раздолжување на документи од строга евиденција со брокери и осигурителни компании;
  • Подготовка на документи за сметководство;
  • Архивирање на документација;
  • Изработка на неделни и месечни извештаи за работењето на Друштвото;
  • Анализа и пратење на успешност на наплата на побарувања;
  • Подршка за наплата на побарувања преку стандардни методи и процедури за обезбедување навремена наплата;
  • Одредување на причините за задоцнета наплата на долгови и наоѓање решение за нивно намалување. 

Кандидатот треба да ги исполнува следните услови:

  • Со или без работно искуство;
  • Завршено високо образование;
  • Добро познавање на Microsoft office пакетот (MS Office);
  • Напредно познавање на Microsoft Excel;
  • Аналитички вештини;
  • Организираност и одговорност кон доверените работни задачи;
  • Флексибилност, проактивност и лојалност;
  • Посветеност, прецизност;
  • Способност за управување со временски ограничувања и рокови;
  • Ориентираност кон резултати во наплата на побарувања;
  • Преговарачки вештини

Нудиме

  • Конкурентна почетна нето плата
  • Работно време од понеделник до петок од 8:30 – 16:30
  • Работа 40 часа неделно
  • Можности за развој и напредок соодветно на перформансите
  • Соодветна обука и развој, сесии за размена на знаења и запознавање со работата на компанијата
  • Работа во динамична и стимулативна средина

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат условите наведени во огласот треба да  достават своја кратка биографија (CV) најдоцна до 05.12.2022 година на e-mail адреса: riziko@riziko.mk со задолжително наведување во предмет на дописот за позицијата за која аплицираат “Администратор за позадинско работење – Back office”

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »