БРЕНД АМБАСАДОР (на веб академијата Еверест)

Веб академијата Еверест (www.everest.mk) е специјализирана стручна школа која ги оспособува студентите за добро платени позиции во веб индустријата. Наставата на Еверест се изведува на далечина, под водство на искусни ментори, со распоред и динамика по избор на студентот.

 

Што е главната задача на бренд амбасадорот?

Ние ги оспособуваме студентите за добро платени работни места и им помагаме да се вработат, а ти ќе ги запознаеш твоите пријатели со овие можности. Како иден бренд амбасадор ќе бидеш одговорен за промоција на нашата академија и студиските програми помеѓу твоите пријатели во време, место и на начин кој тебе најмногу ти одговара. Ќе ти помогнеме да научиш како тоа да го правиш успешно и ќе те наградиме за твојот успех!

 

Што добива бренд амбасадорот?

1. Пари и обуки! Кога твојот пријател ќе се пријави на студии на нашата академија ќе му одобриме 10% попуст на редовната школарина. Штом ја примиме неговата уплата, тебе ќе ти исплатиме 10% од уплатената сума и тоа 5% во кеш + 5% во поени за обука по твој избор.

2. Обука и поддршка. До резултати се доаѓа како резултат на добра подготовка. Прво ќе те обучиме за се’ што е потребно а потоа ќе ти дадеме поддршка секогаш кога ти биде потребна.

 

Како да станеш бренд амбасадор?

Прво, посети ја страница http://www.everest.mk/brend-ambasador/ и разгледај ја убаво секцијата ОДГОВОРИ НА НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА. Ако веруваш дека ќе можеш да одговориш на предизвикот, следен чекор е да ја пополниш пријавата поставена на истата страница. 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »