АСИСТЕНТ НА ПРОДАЖБА

За компанијата: Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна... повеќе за компанијата »

ЗЕГИН е првата приватна  компанија во Република Македонија регистрирана за продажба и производство на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема  дистрибутивна мрежа, секогаш сме во потрага по талентирани професионалци кои сакаат да станат дел од нашето професионално семејство. Со цел зајакнување на  нашиот Тим за Продажба, имаме потреба од вработување за следната позиција:

 

 

АСИСТЕНТ НА ПРОДАЖБА

 

За позицијата:

Управување и поддржка со оперативните процеси во аптеките на ЗЕГИН. Продажба на производите во делот за козметика и здрава храна. Прием на роба и изложување на артикли. Организација и оддржување на магацинскиот простор.

 

Потребни компетенции:

  • Комуникативност,
  • Способност за работа во тим,
  • Љубезност и трпеливост,
  • Познавање на MS Office,
  • Познавање на Англиски јазик.

 

Ако сте енергични, храбри и полни со ентузијазам а воедно способни да работите како дел од тим, Ве молиме испратете биографија  со назнака Асистент на Продажба на [најави се за да го видиш е-маилот]   во рок од 5 дена од објавување на огласот. Само кандидатите кои во целост ги исполнуваат условите ќе бидат контактирани.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »