За компанијата: Евротип спортските обложувалници се прва битолска компанија која се занимава со приредување на игри на среќа – спортско обложување. Првата локација за остварување на нашата дејност е во Битола. Компанијата...
повеќе за компанијата »ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО:
- Инсталација и одржување на компјутерски мрежи и компјутерска опрема;
- Администрирање и одржување на системи за надгледување и мониторинг;
- Обезбедување aнтивирусна заштита и backup алатки и процедури;
- Водење грижа за ИТ инфраструктурата на компанијата;
- Имплементација и мониторирање на безбедносни ИТ политики согласно интерните процедури;
- Работа на проекти со дефинирани рокови и ресурси;
- Комуникација и коoрдинација на надворешни соработници;
- Обезбедување техничка поддршка на внатрешни корисници;
- Имплементација на нови технологии.
ПОЗНАВАЊА ОД:
- Mрежни технологии;
- Серверска инфраструктура базирана на Linux/Windows оперативни системи, MySQL и MSSQL DBMS;
- Антивирусна заштита, Firewall, Backup алатки и процедури;
- Алатки за log management и инфраструктурно мониторирање;
- Креирање на техничка документација.
ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ:
- Одлични комуникациски и меѓучовечки односи;
- Демонстрирање на цврста работна етика;
- Способност за филтрирање информации и проценка на приоритети;
- Способност за одржување дискреција при справувањето со доверливи или чувствителни работи;
- Самодоверба и способност за работа по своја иницијатива и со ограничен надзор;
- Напредно познавање на англиски јазик.
Доколку сакате да бидете дел од тимот на ЕВРОТИП, Ве молиме Вашето CV да го испратите на e-маил [најави се за да го видиш е-маилот]
Во насловот на меилот (subject) наведете ја позицијата за која аплицирате Јуниор Систем Администратор.