- Објавен на 9.2018
- ПРИМА ПЛУС ДООЕЛ Скопје
- Активен до 11.09.2018
- Позиција: Економист/Сметководител/Ревизор
- Локација: Скопје
Сметководственото биро ПРИМА ПЛУС ДООЕЛ Скопје, објавува оглас за работно место сметководител/овластен сметководител со работно искуство:
1. Опис на работни задачи:
- Организирање на добивање документи од клиенти, нивно превземање, организирање и подготвување за сметководствена обработка;
- Контрола на извршените книжења;
- Пресметка на даноци, изготвување обрасци за даноци, статистички извештаи;
- Сложување картици на коминтенти, картици на артикли, сравнување попис и други сметководствени и финансови анализи;
- Изработка на различни анализи и извештаи во excel на барање на клиент.
2. Потребни критериуми за работното место:
- Уверение за сметководител/овластен сметководител;
- Минимум 5 годишно работно искуство во финансиско и материјално сметководство;
- Одлично познавање на MS Excel; добро познавање на MS Office;
- Аналитички способности;
- Способност за работа со голем обем на информации;
- Способност за работа во куси рокови;
- Способност за самостална работа;
- Уредност, одговорност, исполнителност;
- Позитивен став.
Работното место е за работен однос со работно време од 10 часа неделно. Распоредот на работното време е според договор.
Вашата биографија, мотивациско писмо и копија од уверение за сметководител/овластен сметководител можете да ги доставите на следната e-mail адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] . Само кандидатите кои ќе достават комплетна документација ќе бидат земени во разгледување. Кандидатите кои ги исполнуваат наведените критериуми ќе бидат контактирани.
Кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат контактирани за интервју.
Слични огласи »