.NET Developer / Junior .NET Developer

Веруваме дека си слушнал/а за Семос, најстарата македонска IT компанија.

Пишувањето на кодови е твоја пасија, сакаш да програмираш, а притоа и да учиш од искусни професионалци, тимската игра е твоја силна страна и работата на различни проекти ти е предизвик....

Имаме добра вест!

Го прошируваме нашиот тим со нови членови!

 

Што ни треба?

 

.NET developer

 

Одговорности:

  • Учество во анализа на клиентските барања
  • Соработка со интерните тимови при дизајнирањето и имплементацијата на софтверските решенија
  • Пишување на чист, скалабилен код со користење на .NET C# јазик
  • Развој и имплементација на нови карактеристики на постојните софтвери
  • Креирање на документација за време на целиот животен циклус на развој на софтверот

 

Потребни квалификации:

  • .NET технологии (C#)
  • Релациони бази на податоци (MS SQL Server)
  • Познавање на Agile методологии
  • Одлични комуникациски вештини и вештини за препознавање на проблеми
  • Познавање и работа со Source control (TFS, GIT)
  • Познавање на .NET Core ќе се смета како предност
  • Искуство со работа со DevExpress контроли ќе се смета како предност
  • Пожелно би било да има најмалку 2 години работно искуство

 

Junior .NET developer

 

Одговорности:

  • Развој на софтверски апликации според спецификација
  • Дебагирање, идентификување и решавање на проблеми во код
  • Соработка со интерните тимови при дизајнирањето и имплементацијата на софтверските решенија
  • Креирање на документација за време на целиот животен циклус на развој на софтверот

 

Потребни квалификации:

  • Со или без работно искуство со .NET технологии (C#)
  • Основно познавање на релациони бази на податоци (MS SQL Server)
  • Искуство со работа со DevExpress контроли ќе се смета како предност
  • Желба за учење

 

Што нудиме?

  • Работа во позитивна работна атмосфера
  • Воспоставен Work Life Balance
  • Големи можности за едукација, доедукација и сертификација 
  • Програма за Gender equality во Компанијата
  • Менторство од членови на искусен тим
  • Приватно здравствено осигурување за сите вработени, вклучително и за нивните деца
  • Апликација за спортски активности
  • Бонуси за успешност
  • Performance review на 3 или 6 месеци
  • Можност за работа од дома
  • Team building активности
  • Afterwork дружења
  • Работно време од 38 часа неделно + 1 час дневна пауза вклучена во работното време. Работно време во петок 6 часа
  • Опремена кујна со голем избор на кафе

 

Доколку ти се допадна она што го нудиме и си кандидатот што ни треба, достави го твоето CV на [најави се за да го видиш е-маилот] .

Ќе бидат исконтактирани само кандидатите кои што ќе влезат во потесниот круг.

Доколку се согласувате вашите податоци да ги внесеме во нашата база на кандидати за следни огласи Ве молиме тоа да го наведете во Вашата апликација!

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »