Супервизор на оддел за завршна доработка

За компанијата: ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден, контакт тел.бр. (02) 551-2851 повеќе за компанијата »

ОПИС НА КОМПАНИЈАТА:

Van Hool е реномиран производител на автобуси и комерцијални возила од Белгија. Van Hool е најголем независен производител на автобуси во Европа со над 4,000 вработени. Повеќе од 70 години Van Hool е препознаен по својот оригинален, динамичен и прилагоден кон клиентот дизајн, како и по високиот квалитет и современите технолошки решенија.

За растечките потреби на нашиот производен капацитет Ван Хоол Македонија, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје2, во Бунарџик/Илинден отвораме нови работни места за следниве позиции:

РАБОТНА ПОЗИЦИЈА: СУПЕРВИЗОР НА ОДДЕЛ ЗА ЗАВРШНА ДОРАБОТКА

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Врши надзор и координација на активностите на Формените и Тим Лидерите во одделот
  • Се грижи за кадарот преку селектирање, насочување и обуки на вработените; развива можности за личен напредок
  • Го исполнува планот за производство и квалитетот на производот
  • Ги координира активностите со одделот за логистика околу материјалите за работа
  • Работи на подобрување на ефикасноста и дисциплината во одделот
  • Препорачува мерки за подобрување на процесот, организацијата и/или продуктот

ПРОФИЛ НА КАНДИДАТОТ:

  • Техничка стручна спрема (предност ќе имаат кандидати со Машински или Електро факултет)
  • Солидно користење на пишан и говорен англиски јазик
  • Работно искуство од минимум 5 години на раководна позиција во производство/сервис или 10 години на раководна позиција во друга околина
  • Предност: работно искуство во сервис за автобуси/камиони/автомобили
  • Друго: напредно користење на Excel

ШТО НУДИМЕ:

  • Конкурентни месечни примања
  • Раст на платата минимум еднаш годишно според успехот
  • Регрес за годишен одмор од 23.100 денари
  • 24/7 дополнително осигурување од незгода
  • Бесплатен топол оброк со избор на повеќе менија  во кантина со ресторански стандард
  • Обезбеден превоз до/од работното место
  • Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа
  • Можност за стекнување на меѓународно препознаени сертификати за стекнати професионални вештини
  • “Купи со попуст” - одобрени попусти за вработени во одредени продажни места

Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV (работна биографија) на англиски или на македонски јазик на https://www.vanhool.com/mk, во делот “Кариери”.

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор. 

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци. 

 

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »