Агент за продажба - Штип, Струмица, Гевгелија

  • Објавен пред 6 дена
  • Алма - М ДООЕЛ
  • Активен до 20.11.2018
  • Позиција: Останато
  • Локација: Штип

Алма - М објавува ОГЛАС за следната работна

Позиција: АГЕНТ ЗА ПРОДАЖБА за Штип-Струмица-Гевгелија
Датум на објава: 8 Ноември 2018
Рок за пријавување до 20 Ноември 2018
Број на оглас: О-ФИ-КО-181108
Сектор: Фронери – сладоледи
Локација / Регион: Штип-Струмица-Гевгелија
Супервизор: Регионален менаџер за продажба во источна Македонија

Работни задачи:

  • Продажба и маркетинг со почитување и спроведување на стандарди и процедури за работа на Алма-М,
  • Грижа за производи по стандарди на компанијата,
  • Грижа за купувачи на дадениот регион,
  • Следење и известување за активности на пазарот,
  • Грижа за наплата на побарувања,
  • Поддржува и гради тимски дух и решава проблеми во интерес на работењето,
  • и други работи по опис на работно место.

Потребни квалификации и вештини:

  • Минимум завршено средно образование
  • Флексибилност за работа на терен
  • Одлична комуникација, преговарање и ориентираност кон деловни клиенти
  • Професионално однесување
  • Организиран/а и аналитичен/а
  • Мотивирана и стабилна личност
  • Динамичен/а, проактивен/а и насочен/а кон резултати
  • Способност за индивидуална и тимска работа
  • Позитивен однос кон промени
  • Работа и познавање од компјутери (MS Office пакет)
  • Поседување возачка дозвола Б – категорија
  • Познавање на назначениот регион
  • Пожелно е познавање на англиски јазик

Потребно искуство:

  • Претходно работно искуство не е потребно

Сите што ги поседуваат горенаведените квалификации и вештини СЕ ПОКАНЕТИ ДА АПЛИЦИРААТ со нивната професионална биографија која може да ја достават на следната e-пошта: vrabotuvanje@alma-m.mk со задолжителна назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката.

Напомена:

  • Работниот однос се заснова на определено време од 3 месеци, период на докажување на способности, со можност за продолжување.
  • САМО апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
  • Апликациите без назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката, НЕМА да бидат разгледани!
  • Дневно работно време е претпладне, од 08.00 до 16.00 часот, од понеделник до петок.
  • Паричниот износ на почетната нето плата за огласеното работно место изнесува 18.000,00 денари во првите 3 месеци, која понатаму ќе биде зголемена за додаток за работна успешност.
  • Рок во кој ќе се изврши изборот – доколку на огласов се пријават до 200 кандидати, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати, изборот се врши во рок од 90 дена и над 500 кандидати, изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавување.
  • Ве молиме без телефонски јавувања

АЛМА-М ДООЕЛ Скопје е секогаш отворена за соработка со кандидати кои се вредни ентузијасти и сакаат да работат со тим кој секогаш е спремен за нови предизвици во иновативна и динамична околина.

КЛИКНИ