Систем Администратор

За компанијата: Денес во компанијата се вработени 250 лица кои се професионално обучени за извршување на своите задачи и добро координирани со цел потребите на нашите клиенти да бидат во целост задоволени. Со текот на... повеќе за компанијата »

ДМТШ Дени Интернационал има потреба од вработување на систем администратор

Бараме искусен и мотивиран систем администратор кој ќе се придружи на нашиот тим и ќе биде одговорен за управување, одржување и безбедност на информациските системи во нашата компанија. Како систем администратор, ќе имате можност да работите со напредни технологии и ќе играте клучна улога во обезбедување на непречено функционирање на нашата ИТ инфраструктура.

Клучни одговорности:

  • Управување и поддршка на сервери, мрежи и компјутерски системи.
  • Мониторирање и решавање на технички проблеми.
  • Конфигурирање и одржување на ИТ мрежна инсфраструктура во рамките на компанијата.
  • Инсталација, конфигурација и надградба на софтвер и хардвер.
  • Управување со резервни копии на податоци и враќање на системи во функција во случај на неочекувани проблеми.
  • Обезбедување на безбедноста на системите и мрежите, антивирусна заштита и управување со пристап.
  • Поддршка и консултации со корисниците внатре во компанијата.

Услови:

  • ВСС од областа на информациски технологии или слични области.
  • Познавање на англиски јазик
  • Искуство во работа со серверски и мрежни инфраструктури (Windows Server).
  • Познавање на алатки за управување со ИТ инфраструктура.
  • Одлично познавање на принципите на безбедност на информации.
  • Способност за брзо решавање на проблеми и работа во динамична средина.
  • Добри комуникациски вештини и способност за тимска работа.

Заинтересираните кандидати своите податоци да ги испратат на e-mail:  [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »