ТЕХА ДОО лого

Асистент на продажба - Скопје Чаир

За компанијата:

Obuca Metro е најголемиот hard seller на Балканот за обувки, застапен во Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и во Македонија со преку 120 малопродажни објекти. Obuca Metro Македонија е... повеќе за компанијата »

Бидете дел од најдобриот тим

Obuca Metro има потреба од  професионални, комуникативни и креативни луѓе кои сакаат да бидат дел од нашиот тим.

Со таа цел ние објавуваме оглас за вработување на продажен асистент за Retail Park Point-Чаир Скопје!!!

Потребни квалификации и знаења:

-Образование:ССС/ВСС

-Работно искуство:пожелно работно искуство на иста или слична позиција, но не и задолжително

-Познавање на продажни техники

-Пожелно познавање на англиски јазик – A1 ниво

-Работа со компјутери: познавање на MS office пакет

Обврски и одговорности на позицијата:

-Продажба и услуга на купувачи

-Прием и изложување на роба

-Истакнување на цени

-Одржување хигиена во продажниот објект

-Примена на стандардите и процедурите за работа од работодавачот

-Грижа за имиџот на фирмата

Личен профил:

-Комуникативност и убедливост

-Харизматичност

-Способност за работа под притисок

-Мотивација за работа во тим

Нудиме:

-18.000 ден. плата плус бонуси

-Професионален и пријателски тим

-Стимулативно работно опкружување

Сите кандидати кои се заинтересирани ги покануваме да пратат CV и мотивационо писмо најкасно до 18 јуни 2021 на  [најави се за да го видиш е-маилот]   со назнака “Вработување”.
Апликациите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.

Напомена: Со испраќање на пријавата, кандидатот дава согласност компанијата да ги обработува неговите лични податоци во постапката за селекција во склад со законот за заштита на лични податоци.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »