Медицински сестри - Техничари во Италија

  • Објавен пред 4 недели
  • IM JOB MOBILITY DOO BEOGRAD
  • Активен до 26.11.2022
  • Позиција: Медицински персонал/Негуватели
  • Локација: Друга држава
  • Веб: imjob.rs/rs

Активни огласи од IM JOB MOBILITY DOO BEOGRAD:

Медицински сестри - Техничари во Италија

МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ – ТЕХНИЧАРИ ВО ИТАЛИЈА

 

Плата : 21.000,00– 23.000,00 – нето годишна плата            Тип на Договор            Виза

 

За нашите клиенти, приватни здравствени установи во Италија, бараме професионално обучени и мотивирани медицински сестри- техничари. Овие установи се наоѓаат во северна и централна Италија, и претежно се занимаваат со продолжена нега на стари лица. Постои можност за напредок во зависност од искуството и развојот на самиот кандидат.

 

Посебно нагласуваме дека НЕ се работи во КОВИД болници и центри. 

Централниот и северниот дел на Италија опфаќаат региони со богата историја и култура, многу музеи, уметнички галерии, тврдини, вили, цркви и елегантни ренесански градби, кои можат да бидат совршено место за живот и работа. Блиску Србија, моногубројни српски заедници, сличен менталитет, мелодичен јазик и лесен за изучување и истиот носи дополнителни бенефиции за преселување.

 

ОПИС НА РАБОТНО МЕСТО:

Медицинските сестри- техничари во установите за продолжена нега на стари лица, имаат централна, одговорна и самостална улога, така што покрај беспрекорната техника, потребно е да поседуваат и исклучителни организациски вештини. Во овие случаи медицинските сестри НЕ СЕ негователки и НЕ СЕ задолжени за хигиената на пациентот, туку се клучни личности во спроведување на терапија и организација на работата.

 

РАБОТНИ ОБВРСКИ :

* Спроведување на терапија по налог на доктор (парентерална и орална)

* Вадење на крв и земање примерок за лабораториски анализи,

* Дополнителна дијагностика, ЕКГ, носење на пациент на ренген и сите други дополнителни потребни обврски,

* Организација на болничарките, следење и контрола на нивната работа

(Болничарките се занимаваат со хранење, пресоблекување, и грижа на пацинетот така што медицинските сесрти – техничари, технички не ја извршуваат оваа работа , но мора да ја надгледуваат и координираат да биде извршена по сите стандарди.

* Постојано следење на состојбата на пациентот  и исполнување на неговите индивидуални потреби, организација на тимот, со цел да се овозможи максимална здравствена нега (ангажирање на физиотерапевт, психолог и слично)

 

УСЛОВИ ЗА КОНКУРИРАЊЕ :

* Медицински сестри – техничари, со Диплома од општ смер или стручна медицинска школа,

* Положен државен испит за медицинско образование  

* Минимално или долгогодишно работно искуство,

* Кандидатот да биде веднаш достапен,

* Комуникативна и одговорна личност, заинтересирана за работата која ќе може да изгради долгогодишен работен однос и доверба кај пациентите и колегите. 

 

ШТО НУДАТ НАШИТЕ ПАРТНЕРИ ОД ИТАЛИЈА:

* Договор на определено време со можност за продолжување, на неопределено,

* Обезбедена работна дозвола - работна виза,

* Годишна заработувачка од 21.000-23.000 евра -  нето плата

* Дополнителни бонуси, награди, платени прекувремени работни саати, ноќни смени и работа за викенди и празници,

* Придонеси – здравствено, пензиско и социјално осигурување,

* Платен годишен одмор,

* Бесплатен курс по италијански јазик во Италија

* Платена патна карта до Италија

* Бесплатен смештај (во првите 1-3 месеци во зависност од работодавачот)

* Можност за напредување и развој како професионален така и личен,

* Можност за повлекување во Италија и останати членови од фамилијата, после одреден времески период, регулиран според Законот за странци во Италија.

 

ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ      БЕСПЛАТЕН КУРС ЗА ЈАЗИК      ОБЕЗБЕДЕН СМЕШТАЈ

 

ПРИЈАВИ СЕ  !                                                                                         

Понудата за работа важи за кандидати од двата пола.

За сите останати услови важи италијанскиот закон за странци и колективниот Договор за медицински сестри – техничари.

Во случај да имате потреба за било каква дополнителна информација, Ве молиме слободно да не контактирате.

 

Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV (работна биографија) на  [најави се за да го видиш е-маилот]

Апликација на : https://imjob.rs/mk

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор.

За сите дополнителни информации Ви стоиме на располагање, или прочитајте на нашата официјална веб страна или директно обратете ни се на подоле наведените телефонски броеви и е-маил адреси.

 

Контаткт на Компанијата :

I’m Job е лиценцирана агенција за вработување.

Решение бр. 152-02-00251/2020-24.

Телефон : + 381 11 4235496

Мобилен : + 381 62 1489747

Работно време : Понеделник – Петок 09h – 17h

Адреса- седиште : Teodora Drajzera 11 L – 11040, Белград –Србија.

Е-маил на Компанијата :  [најави се за да го видиш е-маилот]

Официјална страна на Команијата : https://imjob.rs/rs

Лице за контакт во Р.Србија : Zorana Roganovic   [најави се за да го видиш е-маилот]

Лице за контакт во Р.С.Македонија : Тодорова Цветанка   [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »