Сметководител

За компанијата: ТАВ Аеродроми обезбедуваат интегрирани услуги во сите области на аеродромското работење и во глобални рамки управуваат со 91 аеродром во 26 земји. Како членка на групацијата ADP, ТАВ Аеродроми е дел од... повеќе за компанијата »

ТАВ Македонија ДООЕЛ,  како дел од ТАВ Холдинг групацијата е во потрага по нов вработен за позицијата:

СМЕТКОВОДИТЕЛ

ЗАПОЗНАЈТЕ НÈ

ТАВ Холдинг групацијата обезбедуваат интегрирани услуги во сите области на аеродромското работење и во глобални рамки управуваат со 92 аеродроми во 26 земји. Како членка на групацијата ADP, ТАВ Холдинг е дел од водечката платформа за управување со аеродроми на глобално ниво. Во Република Северна Македонија, ТАВ Холдинг  ги опслужуваат Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид преку својата ќерка компанија ТАВ Македонија ДООЕЛ.

ОСНОВНИ ОДГОВОРНОСТИ

  • Контрола и книжење на девизни фактури и калкулации поврзани со увоз
  • Контрола и книжење на патни налози од службен пат на вработените
  • Контрола и книжење на пресметката за плата
  • Контрола и книжење  на месечни акруали поврзани со месечни трошоци, кредит, задржан данок
  • Евидентирање и контрола на трансакциите со благајничко работење и менувачница
  • Составување и поднесување на месечни ДДВ Пријави 

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • VII степен (Високо образование Економски факултет)
  • Способност за интерпретација и анализа на финансиски извештаи

Задолжителни  лиценци:

  •  Лиценца за овластен сметководител

Вештини:

  • Комуникативност
  • Добро организациски вештини
  • Добро познавање на MS Office
  • Искуство со ЕРП системи
  • Тимска работа
  • Работа под притисок на кратки временски рокови

УСЛОВИ

Работното време е административно, од 8 до 16 часот.

Сите заинтересирани кандидати можат да го испратат своето CV на  [најави се за да го видиш е-маилот]  со назнака „СМЕТКОВОДИТЕЛ “

Со испраќање на Вашето CV сметаме дека сте согласни да ги чуваме Вашите лични податоци до 6 месеци во нашата база согласно правилата за заштита на личните податоци.

Ве молиме имајте во предвид дека само избраните кандидати ќе бидат контактирани.

Во очекување сме на Вашите апликации

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »