ОПЕРАТОР НА АПКАН ПРЕСА ЗА ВИТКАЊЕ ЛИМ (NC Press brake)

За компанијата: Компанијата ОзонАир е докажан глобален партнер и соработник на многу компании во Македонија како и целиот свет. Главниот фокус е модерен дизајн и технологијата што се применува во производството на единици... повеќе за компанијата »

ОзонАир е фабрика за производство на опрема за климатизација, вентилација и други производи согласно со највисоки стандарди за квалитет, безбедност и здравје.

ОзонАир ги охрабрува сите кандидати независно од полот и возраста да аплицираат за вработување на бараната позиција.

За потребите во производство огласуваме слободно работно место на позицијата:

ОПЕРАТОР НА АПКАН ПРЕСА ЗА ВИТКАЊЕ ЛИМ (NC Press brake)

ОзонАир има потреба од Оператор на преса за виткање лим (апкан) кој ќе му се придружи на нашиот тим за Производство во фабриката во Скопје.

Кандидатот ќе биде одговорен за работа на НЦ машина за виткање лим - апкан за метални плочи, подготвување на материјал за обработка, организирање и избор на алати во производствениот процес и детална грижа за машината.

Потребни познавања:

  • Операторот треба да има познавање од алати за виткање лим,
  • Кандидатот е пожелно да поседува претходно работно искуство на НЦ апкан машина за виткање лимови Амада или слична,
  • Завршено Средно или Високо образование (Машинско или Електротехничко),
  • Работно искуство како оператор на машина или во производство на метал од минимум 3 години,
  • Да поседува чувство за прецизност,
  • Познавање англиски јазик,
  • Искуство во машински дизајн и технички цртежи.

Доколку сте заинтересирани испратете ги вашата биографија и писмо за мотивација на Македонски јазик на адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]

Документите пратете ги како пдф документ со назнака и наслов за која работна позиција аплицирате, во спротивно Вашата апликација можеби нема да биде разгледана.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »