
За компанијата:
Специјализирани за искуство со клиенти, продажба и маркетинг преку гласовни и дигитални канали.
повеќе за компанијата »Зад секој совршен одмор стои тим што ги решава работите зад сцената. На овој проект токму ти си таа „тајна врска“! Како B2B агент за поддршка на туристички агенции од германското говорно подрачје, твоја задача ќе биде да интервенираш таму каде што нивните системи застануваат – без разлика дали станува збор за итна промена на лет, посебно барање за хотелска соба или системска грешка. Ќе работиш во динамична средина без монотонија, ќе комуницираш со деловни клиенти и секојдневно ќе ги користиш своите организациски вештини и знаењето на германскиот јазик. Подготвен/а си за предизвик?
Што нудиме?
-
Атрактивна и редовна плата
-
Договор за вработување
-
Месечни бонуси врз основа на перформансите
-
Бонус за добредојде
-
Работа во смени во период од 08:00 до 18:00 часот
-
Професионална и платена обука за работа
-
Покрај вашиот тим лидер, ќе имате одличен тим за поддршка
-
Полиса за приватно здравствено осигурување - затоа што твоето здравје е наш приоритет!
-
Придобивки од SportMaster - во здраво тело, здрав дух!
-
Корпоративни попусти во над 15 компании со кои Transcom има склучено соработка
-
Онлајн центар за психолошко советување
-
Бонус за препорака на пријател
-
Исплата за минат труд
-
Учење нови вештини со користење на образовната платформа T: University
Освен што ќе им помагаш на туристичките агенции да ги надминат системските пречки и на своите патници да им обезбедат совршени летови и сместување на најубавите светски дестинации, ќе бидеш нивна десна рака при измена на резервации и решавање специфични барања во реално време. Секој ден ќе му олесниш работа на некого, а на некого ќе му спасиш одмор! Во описот на работното место нема продажба!
Твоето патување низ светот на работата ќе изгледа вака:
-
Возбудлива обука на која ќе се запознаеш со начинот на работа и процесите што ќе те водат низ секојдневните задачи
-
Ќе научиш да обезбедуваш корисничка поддршка и навремено да одговараш на сите барања преку телефон или е-пошта – секогаш со љубезност и професионалност
-
Секојдневно ќе комуницираш на германски и англиски јазик и дополнително ќе го усовршуваш своето знаење
-
Тим лидерот и целиот тим ќе ти бидат поддршка и ќе придонесат за позитивна работна атмосфера
-
Додека се гради твоето искуство, очекувај и подеми и предизвици – но крајниот резултат секогаш е твојот успех
Што бараме?
-
Можност за работа од канцеларијата во Скопје
-
Du sprichst sehr gut Deutsch – одлично познавање на германскиот јазик (ниво C1)
-
But you are also fluent in English – искористи го и дополнително усоврши го знаењето на два странски јазици
-
Твоите комуникациски вештини не се обични – тие се одлични
-
Компјутерите не ти се непознати – работата подразбира секојдневно користење компјутер, навигација низ платформи за резервации и комуникација со странски туристички агенции
-
Тимскиот дух е клучен, но знаеме дека и најголемите тимски играчи понекогаш работат самостојно – во двата случаи можеш да блеснеш
Каков е животот во Transcom?
Во Transcom сме неуморно посветени. На нашите клиенти и едни на други. Секој ден некој започнува свое патување со Transcom. Искористувајќи го потенцијалот кој го има денес и претворајќи го во вештини корисни за во иднина. Добивајќи признанија за напорната работа, тимскиот дух и поддршката на другите. Поткрепувајќи позитивни, трајни промени во своите тимови и заедници. Такви сме ние во Transcom. Овде се грижиме и навиваме едни за други. Вклучени сте, баш такви какви што сте, уште од првиот ден. А со вистинскиот начин на размислување, нема граници за тоа колку далеку можеме да одиме заедно.
Слични огласи »