ЛТХ Леарница ДООЕЛ Охрид лого

Оператори на автоматизирани леарски острови

За компанијата: Ние сме водечка компанија за леење на одливци од алуминиум, произведени со високотехнолошки и еколошки одржливи производни процеси. Нашата мисија се гради врз основ на 75-годишна традиција, знаење, иновации... повеќе за компанијата »

Активни огласи од ЛТХ Леарница ДООЕЛ Охрид:

Оператори на CNC машини - Конструктор (оддел-Конструкција на алатница)

(преземи го огласот како слика)

Оператори на автоматизирани леарски острови
 
Доколку сакате да станете дел од наш тим во динамично производствено опкружување, сте подготвени за работа полна со предизвици и сакате да учествувате во создавање на квалитетни производи, ве покануваме да се приклучите на нашата успешна компанија.
 
Главни задачи:
ракување со опремата за леење, извршување едноставни операции при моделирањето на одлеаноците врз база на технолошки постапки, цртежи и дадени инструкциич;
контрола на квалитетот на одлеаноците преку визуелна проверка, откривање на површински недостатоци и елиминација на лошо одлеаните парчиња;
прилагодување на операцијата на машините според упатствата и инструкциите дадени од страна на технолозите ;
контрола на работата на машините и опремата со цел обезбедување производ според дадени спецификации;
одржување чиста работна средина и почитување на правилата и прописите за безбедност и здравје при работа;
познавање, разбирање и пополнување документацијата на работното место
 
Очекуваме:
- завршено средно образование
- работа во смени на локација Охрид
- подготвеност за континуирано едуцирање и дообучување
- способност за тимска работа,
- грижа за чисто работно место.
Услови за работа:
Работната позиција бара користење на заштитна опрема, 40h неделно/ 8h дневно. 
Локација: ЛТХ Леарница ДООЕЛ Охрид – производни капацитети, работа во смени (4-3)
Нудиме:
• конкурентна плата  плус додатоци на плата
• покриени трошоци за превоз до и од работа ( во случај над 3км оддалеченост, по износ на месечен јавен превоз)
• обезбеден топол оброк
• исплата на регрес за годишен одмор согласно услови за стекнување на правото на регрес
• исплата на новогодишен надоместок, доброволно приватно здравствено осигурување
• награди и бонуси согласно покажани резултати, додаток за присутност
Аплицирајте на Слободни работни места | LTH Castings во наредните 15 дена.
 
Ве очекуваме!
*Со аплицирањето кандидатите се согласуваат нивните професионални биографии да бидат задржани во базата на човечки ресурси во наредните 90 дена и нивна обработка за потребите на процесот на селекција и вработување.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »