За компанијата: Охрид Органикс е компанија за медицински канабис со мисија да го подобри квалитетот на животот на поединците кои се соочуваат со здравствени предизвици. Нашиот најсовремен капацитет за одгледување се наоѓа...
повеќе за компанијата »Вработување во Производство во Фармацевтска индустрија
Работни задачи и одговорности:
- Следење на системот за производство преку одржување на документи во системот, вклучувајќи: Барања, налози, работни упатства, записи, обрасци, стандардни оперативни постапки, протоколи итн;
- Контрола и следење на документација поврзана со ин-процес контрола во производство;
- Работа со аналитички инструменти и опрема за процесирање;
- Изведува и надгледува фази во технолошкиот процес на фармацевтско производтсво;
- Планира суровини и материјални ресурси за производство.
Потребни квалификации:
- ВСС (дипломски или постдипломски студии во областа на фармација/хемија);
- Минимум 1 година соодветно работно искуство во полето на производтво, фазно производство, готови фармацевтски форми, примарна и секундарна амбалажа;
- Солидно познавање и работење со аналитички инструменти и лабораториска опрема;
- Солидно познавање на MS Office - пакетот и интернет пребарувачите;
- Познавање на англиски јазик (писмена и усна комуникација);
- Способност за самостојна работа, развиени аналитични способности, внимание на детали, посветеност, организациски и комуникациски способности, ентузијазам за нови знаења и техники.
При изборот за најповолен кандидат ќе биде спроведен процес на селекција проследен со тестирања и интервјуа.
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите биографии можат да ги испратат на следнава e-mail адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »