Аудитор/Оценувач за IT Стандарди

(преземи го огласот како PDF)

T-ЦЕРТ СИСТЕМ ДООЕЛ е компанија со седиште во Скопје која делува на територијата на целата држава. Во соработка со матичната компанија TÜV NORD GROÜP, нуди најголем дел од услугите од делокругот на TÜV NORD, главно со македонски експерти со сите овластувања на TÜV. TÜV NORD CERT им помага на компаниите - клиенти со аудити, тестирање и сертифицикација на систем за управување во областите на сертфикација  на системите за квалитет, сертификација на персонал и сертифицирање на производи, IT сертификација и информациска безбедност, техничка инспекција.

1. Назив на работното место

Аудитор/Оценувач за IT Стандарди

2. Број на работници кои се потребни

1 (еден)

3. Период за кој се бараат работници

Од 01.11.2021. За постојано работно време

4. Местото во кое ќе се извршуваат работите

Главно во Скопје и патување надвор од Скопје, но и надвор од Македонија

5. Видот на работите кои ќе ги врши работниците

Аудитирање/оценување на компанииите/организациите во однос на барањата на меѓународните ISO Стандарди, со акцент на Стандардите ISO 27001, ISO 20000 и ISO 22301

6. Работно време

Од понеделник до петок, од 08:00-16:00h (Флексибилно работно време). Работа во смени - НЕМА

7. Плата

60.000 денари НЕТО почетна плата. За 6 месеци платата би била 70.000 денари НЕТО и понатаму платата ќе расте, следат и бонуси.

8. Погодностите врзани со работното место кои ги нуди Потенцијалниот работодавач

Работа во странска компанија со голем раст и потенцијал. Mожност за усовршување, можност за ангажирање на меѓународни проекти и вршење на аудити во странство. Службен автомобил, службен мобилен телефон и сите пропратни технички средства неопходни за работа.

9. Потребните квалификации кои работниците треба да ги исполнуваат за извршување на работите посебно во поглед на стручна подготовка, работно искуство, познавање на странски јазик и останати критериуми кои потенцијалните работници треба да ги исполнуваат

  • Завршено високо образование –Електротехнички, Машински, Економски, Правен факултет (Дипломиран Електро инженер или Машински инженер ќе се смета за предност)
  • Ќе се смета за предност доколку кандидатот е веќе Lead Auditor за ISO 27001 стандардот и работи како Lead Auditor во акредитирано сертификационо тело
  • Ќе се смета за предност доколку кандидатот поседува Сертификат за Lead Auditor за ISO 27001, или ISO 20000, или ISO 22301
  • Претходно работно искуство минимум 3 години во струка поврзана со завршеното образованието
  • Одлично познавање на MS Office пакетот
  • Одлично познавање на англиски јазик (говорен и пишан), познавањето на германски јазик ќе се смета за предност
  • Ќе се смета за предност доколку кандидатот има искуство во работа со Информациска Безбедност
  • Поседување на возачка дозвола Б категорија – активен возач
  • Напредни комуникациски, организациски и планирачки способности.
  • Заинтересирани апликанти, Ве покануваме да ја доставите вашата Биографија на  [најави се за да го видиш е-маилот] , или за дополнителни потребни информации да се јавите на 070 399 457 од 08:00 до 16:00 секој работен ден.
  • Апликациите ќе се прифаќаат до 20.10.2021.

    Само потесно селектирани кандидати ќе бидат контактирани.

    Ви благодариме за вашиот интерес.                                        

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »