За компанијата: „Синцеритас“ АД Скопје е фармацевтска компанија чиј фокус на работење е култивирањето и производството на канабис за медицинска намена. Работните практики и политики во нашата компанија се усогласени со...
повеќе за компанијата »Медицински претставник
Задолжително е пријавените кандидати да ги исполнуваат следните услови:
- ВСС – Фармација, Стоматологија, Медицина;
- Мин. 2 години работно искуство во областа;
- Одлично познавање на MS Office пакетот;
- Одлично познавање на Англиски јазик;
- Возачка дозвола, Б категорија.
Одговорности и работни задачи:
- Понуда, промоција и презентација на фармацевтски производи на потенцијални и постоечки клиенти, што вклучува лекари, фармацевти и други здравствени работници;
- Секојдневна посета, развој и одржување на односите со доктори и фармацевти;
- Имплементација на маркетинг планови и реализација на зададени цели согласно компаниската стратегија;
- Реализација на посети согласно планот за продажба;
- Реализација на таргети за продажба;
- Редовни извештаи;
- Учество и организирање на стручни собири;
- Следење и анализа на фармацевтскиот пазар.
Од кандидатите за бараната позиција се очекува да ги поседуваат следните вештини, способности и лични особини:
- Одлични усни и писмени комуникациски вештини;
- Организираност и ефикасност;
- Способност да внимава на детали;
- Oриентиран кон постигнување на резултати.
Дополнителни информации:
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите биографии можат да ги испратат на е-маил: [најави се за да го видиш е-маилот]
Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор
Слични огласи »