Компанијата Екоцентар 97 активно се занимава со управување на отпад повеќе од 20 години и денес е една од водечките компании во регионот. Нашата дејност вклучува управување со отпад од метали, електронски отпад и опасен отпад. Во моментов, имаме отворена позиција за Техничко лице за управување со опасни материи. Искуството е приоритет во однос на останатите квалификации.
Опис на работно место
- давање насоки за безбедно ракување со опасен отпад;
- подготовка на планови за препакување, складирање и транспорт на опасен отпад;
- учество во препакување на опасен отпад;
- теренски посети за увид и проценка на отпад и земање на проби за хемиска анализа.
Професионални квалификации
- задолжително претходно работно искуство со ракување со опасни материи;
- познавање на основни принципи на работа со опасни материи;
- способност за читање на техничка документација;
- завршено високо образование (инженер за животна средина, инженер за еколошка санација, хемиски инженер, технолошки инженер или друго релевантно образование);
- познавање и употреба на заштитна опрема при ракување со опасни материи;
- познавање и практикување на стандардите за безбедност и здравје при работа и стандарди за заштита на животната средина;
- познавање на Microsoft Word и Microsoft Excel;
- предност доколку има познавање на англискиот јазик (читање, пишување и говорење);
- предност доколку имате завршени обуки за безбедност и здравје при работа или доколку имате положено стручен испит за управител со отпад.
- предност доколку имате познавање на Законот за Управување со Отпад, како и на меѓународните правилници за транспорт и пакување на опасен отпад.
Други вештини и способности
- проактивност, експедитивност и темелно завршување на работните задачи;
- добри комуникациски и организациски способности.
Работниот однос за позицијата првично се заснова со Договор за работа на определено време од 3 (три) месеци со можност за продолжување на договорот на неопределено. Постои можност за напредување и бонус во зависност од перформансот.
Работните задачи ќе се извршуваат со полно работно време од 8 (осум) часа на ден. Предвидената основна нето-плата за позицијата може да варира и ќе зависи од работното искуство на кандидатот.
Доколку ги имате потребните квалификации, пратете ни CV со кратката биографија, диплома за завршено образование и копијата од дополнителни сертификати (доколку има) на следната електронска пошта [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака “За техничко лице за управување со опасен отпад”.
Времетраење на огласот 15 дена од денот на објавата.
Останати огласи »