
За компанијата: На само неколу минути од реката и од центарот на Скопје, Хотелот вклучува базен со џакузи, ресторан и топло колаче за добредојде. Со погодна локација кадешто централниот дел од Скопје со сите познати туристички...
повеќе за компанијата »Во Хилтон веруваме дека угостителството не е само професија. Тоа е патување кое води до личен развој, раст и откривање на разни заедници и култури. Нашиот тим го сочинуваат извонредни професионалци кои заедно работат да овозможат исклучителни искуства за секој наш гостин. По патот на кој поставуваме стандарди во хотелиерството, нашата визија „да го згрееме светот со топлината на гостопримството“ постојано не мотивира. Ние нудиме многу повеќе од соба за ноќевање. Ние создаваме незаборавни искуства за нашите гости, значајни можности за нашите вработени и позитивно влијаеме во заедницата од која сме дел.
Ако сакате да се придружите на нашето големо семејство, имаме отворени позиции за Вас.
DoubleTree by Hilton Skopje врaботува:
- Асистент во оддел финансии – 1 позиција
Задачи и одговорности
- Координација и евиденција на финансиска документација, евиденција на влезни фактури и изготвување на излезни фактури,
- Асистенција во подготовка на финансиски извештаи за побарувања и обврски,
- Уплата на дневен промет
- Водење евиденција на залихи и пописи,
- Водење материјална евиденција,
- Водење евиденција за трансфер на суровини, влезови во магацин, кујна и ресторан,
- Заверка на фактури и архивирање,
- Соработка и координација со надворешни соработници, банки и клиенти,
- Други работни задачи по налог на одговорниот во секторот за финансии.
Песонални квалификации
- Високо образование, Економски факултет,
- Минимум 1 година работно искуство во соодветната област,
- Одлично познавање на Excel и работа со компјутери
- Одлични комуникациски вештини,
- Проактивност и способност за работа под притисок,
- Способност за самостојна и тимска работа, и
- Познавање на англиски јазик.
Работното време изнесува 40 часа од 8 до 16 часот секој работен ден.
Износот на платата е компетитивен согласно искуството, знаењето и квалификациите на кандидатот.
Доколку поседувате желба за понатамошно учење и развој, совесност, одговорност и самоиницијативност, високо развиени интерперсонални вештини, Ве покануваме да аплицирате на [најави се за да го видиш е-маилот] .

Слични огласи »