Промовирани огласи »

ЕВН Хоме како универзален снабдувач на електрична енергија, на денешниот тендер за набавка на електрична енергија за задоволување на потребите на корисниците за периодот јули-декември годинава, доби само една понуда од АД ЕСМ, која изнесува 48 евра за мегаватчас и е за 17 проценти повисока од претходната.

АД ЕСМ како најповолен и единствен понудувач на тендерот преку електронскa аукција, му понуди на ЕВН Хоме купопродажна цена на електрична енергија од 48 евра за мегаватчас, за покривање на 100 проценти од вкупно планираните количини. Добиената купопродажна цена 48 еврa за мегаватчас за периодот јули-декември 2022 e за 17 проценти повисока од претходната која беше добиена на последниот тендер на Универзалниот снабдувач (јануари-јуни 2022), кога АД ЕСМ понуди купопродажна цена на електрична енергија од 41 евро за мегаватчас за вкупните планирани потреби на ЕВН Хоме како Универзален снабдувач, информираат од ЕВН Македонија.

За цената на електричната енергија на ЕВН Хоме, како што посочуваат, во наредниот период ќе одлучува Регулаторната комисија за енергетика, а таа ќе зависи од повеќе влезни параметри, како што се: цената по која АД ЕСМ ја продава електричната енергија на ЕВН Хоме, цената на Преносниот систем оператор МЕПСО, цената на Операторот на пазар на електрична енергија МЕМО, како и цената на Дистрибутивниот систем оператор Електродистрибуција.

Од АД ЕСМ, пак, вчера соопштија дека врз основа на направените анализи и пресметки утврдиле дека се во состојба да ги обезбедат вкупните количини на електрична енергија кои му се потребни на ЕВН Хоме, односно 100 проценти да ги покрие потребите на Универзалниот снабдувач за граѓаните и малите потрошувачи (Законот за оваа година го обврзува ЕСМ за 60 проценти), како и целосно покривање на техничките загуби во системот на ЕВН Електродистрибуција и целосно покривање на техничките загуби во системот на МЕПСО. За таа цел АД ЕСМ го зголеми планот за производство на електрична енергија за 2022 година за 20 проценти од производството во минатата година.Конзумот на ЕВН Хоме е зголемен за 27 проценти, поради префрлањето на потрошувачи од слободниот на регулираниот пазар (деловни субјекти, општини, јавно осветлување). Дополнителните потреби на ЕВН Хоме и на ЕВН Електродистрибуција ќе ги задоволиме со дополнителна набавка на јаглен за зголемување на производството од термоелектраните Битола и Осломеј, како и обезбедување доволни количини мазут за работа на ТЕЦ Неготино, стои во соопштението.

Промовирани огласи »

Денес ви ги издвојуваме некои од најпосетуваните огласи, се надеваме дека ќе го задржиме вашето внимание со огласите кои следат.

Друштво за софтвер, промет и услуги со седиште на ул. Димитрие Чуповски е во потрага по

TEST ENGINEER,

ANDROID SOFTWARE DEVELOPER 

„АЛФИ БИ КОМПАНИ“  е трговско друштво кое успешно ја гради својата професионална  приказна од 1992 година, во рамки на компанијата е отворена и подружницата Алфи Техноцентар. Моментално е во потрага по

КЕЛНЕР/КА ШАНКЕР/КА (СКОПЈЕ),

КАСИЕР-ПРОДАВАЧ/КА - КУМАНОВО 

„Quipu“ е компанија за ИТ консултантски услуги и развој на софтвер која обезбедува сеопфатни решенија од крај до крај за банките и финансиските институции, од електронски плаќања до софтверски системи и хибриден облак хостинг и операции. Во моментот се отворени повеќе работни позиции кои можете да гои погледнете ТУКА

„Групацијата Виндија“ денес вклучува 14 компании, од кои 8 се во Хрватска и 6 во земјите од регионот. Во отвореното преставнишво во нашата земја моментално е во потрага по

МАГАЦИОНЕР и

ВОЗАЧ СО Ц КАТЕГОРИЈА  

„Вита Медиа Груп“ е данска iGaming (ајгејминг) компанија која отвори свое претставништво во Македонија од 2019 година и во моментот вработува над 40 луѓе во канцеларијата во Скопје. Моментално е во потрага по

CONTEND ADMINISTRATOR и

CONTENT WRITER - ENGLISH 

„СЕТЕК“ сé од техника е лидер во областа на ИТ, аудио видео и белата техника, кој на македонскиот пазар е присутен 28 години. СЕТЕК сé од техника ја поседува најголемата дистрибутивна мрежа во Македонија која ја сочинуваат повеќе од 500 активни партнерски фирми – соработници и кооператори. Моментално вработува на повеќе работни позиции, повеќе информации можете да најдете ТУКА.  

„ФЕРШПЕД АД СКОПЈЕ“ е компанија од областа на транспорт, шпедиција, царинење, складиштење и нив ги користат најголемите претпријатија во Република Македонија, како и фирми од балканските земји, западна и источна Европа. Низ годините на нашето постоење бевме сведоци и директни учесници во градењето на некои од позначајните индустриски објекти и коплекси во Македонија (проектите ФЕНИ, ТЕЦ Неготино и сл.). Моментално вработува

ЦАРИНСКИ РЕФЕРЕНТ и

ЦАРИНСКИ РЕФЕРЕНТ СО ЛИЦЕНЦА ЗА ЦАРИНСКО ЗАСТАПУВАЊЕ

„СТОКОМАК“ како компанија од областа на трговијата моментално има отворено повеќе работни позиции кои можете да ги погледнете ТУКА 

„Македонијатурист“ а.д. Скопје е најголемата и најуспешната компанија во областа на хотелиерството и ресторанските услуги во Република Северна Македонија која работи успешно располагајќи со 5 (пет) хотели и тоа: Холидеј Ин, Хотел Белви, Хотел Карпош, Бест Вестерн Хотел Турист и Хотел Водно вработувајќи преку 200 професионалци во својата област. Mоментално се отворени повеќе работни места истите можете да ги погледнете ТУКА

„БРАКО ДОО“ се занимава со развој и производство на производи целосно изработени од метал или комбинација на метал и други материјали. Моментално има отворено повеќе работни позиции, можете да ги погледнете ТУКА.  

За повеќе информации од реномирани странски и домашни компании кои нудат широк обем на работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Денеска 24.06.2022 во просториите на Американскиот Универзитет на Европа-ФОН  беше потпишан меморандум од страна на ректорот на Американскиот Универзитет на Европа-ФОН проф. д-р Билјана Пулеска Јанушевска и генералениот директор на KARIERA.mk Зорица Бужаровска Бошковска. 

Универзитетот е автономна приватна непрофитна високоoбразовна и научна институција, основан во 2003 година како Факултет за општествени науки. Па така, со континуираните инвестиции денес Американскиот универзитет на Европа-ФОН поставувува светски стандарди и услови за академски развој на секој поединец, ја стимулира конкуренцијата и придонесува за обликување на берзата на трудот.

Следејќи ги светските трендови во високото образование, а со цел да се прилагоди на интересот, потребите и барањата на студентите, во 2020 година универзитетот се ребрендира и се преименува во Американски универзитет на Европа-ФОН.

Формата на долгорочната соработка меѓу Американскиот Универзитет на Европа-ФОН ќе се остварува преку, презентација на платформата пред студентите од прв и втор циклус на студии, заеднички проекти од информативен, развоен и научен карактер преку одржување на работилници, саеми и предавања.

Дополнително за сите студенти на универзитетот ќе следи бесплатна активација на МојаКАРИЕРА картичката за студенти кои се корисни за секој студент, соработка во едукативни процеси преку информирање на студентите за нови огласи за работа и пракса, техничка помош на студентите при процесот на барање работа преку кратки обуки за креирање на CV и мотивациско писмо во однапред договорени со датум и време со факултетот.

КАРИЕРА.мк со ентузијазам од денес ги вклучува студентите на овој универзитет во своите активности во иднина.

Промовирани огласи »

Просечниот договор за плати во Обединетото Кралство остана на 4% во трите месеци до мај 2022 година, тој е сè уште на највисоко ниво од 1992 година, но далеку под инфлацијата. Договорите за плати моментално се помеѓу 3% и 5,8%, што истакна некои работодавци да се справат со предизвиците како да ги задржат своите вработени и да одржат атрактивен пакет за компензација. 

Сепак, со мерењето на индексот на потрошувачките цени (CPI) на инфлацијата што достигна 9% во април, 7% во март, работодавачите имаат уште долг пат да поминат за платите да одговараат на зголемените трошоци на живот.

Поради нивото на инфлација трошоците за живот се значително поголеми и покрај покачувањата на просечната плата во последните 10 години и во нашата држава.

По се изгледа трендот на инфлација застапен на светско ниво оневозможува да се примети зголемувањето на платите секаде во светот. Доколку сакате промена на важиот буџет и сте спремни да го замените тековното работно место со ново, сите информации можете да ги најдете ТУКА. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »