Промовирани огласи »

Во Грција се многу високи сообраќајните казни, особено доколку имате во крвта алкохол од преку 0,5 промили може да добиета казна од 75 до 625 евра. За прекорачување на брзината се добива казна од 40 до 750 евра, а за поминување на црвено би ве чинело 700 евра.

Годишните одмори не се само летувањето покрај море и уживање.Тие носат и голем број на обврски и подготовки пред да се замине на пат. Македонските граѓани и годинава Грција ја избраа како своја број еден дестинација да го поминат летниот одмор.

Во туристичките агенции по правило пред да го уплатите аражманот треба да ве потсетат дека треба да го проверите пасошот, бидејќи тој треба да ви важи најмалку три месеци кога ќе ја напуштите земјата.

Дел од препораките е да се фотокопираат сите документи, да се чуваат на посебно место во случај на нивно губење или крадење.

За внесување на куќните миленичиња потребно е да се има пасош, потврда за примени вакцини против беснило но не постари од 15 дена, но и сертификат од ветеринарниот лекар за нивната здравствена состојба.

Покрај македонската возачка дозвола потребно е да се има и меѓународна дозвола. Како што појаснуваат стручните лица по законските прописи на Грција доколку сте учесник во сообраќајна незгода, ако не поседувате меѓународна возачка дозвола тогаш се смета дека не сте имале право да управувате со возилото.

Тогаш ќе бидете принудени да платите казна иако не сте виновни, но и штетата на другиот учесник во незгодата. Треба да бидете информирани дека осигурителната куќа во тој случај не ги покрива трошоците.

Кога станува збор за почитување на сообрќајните прописи возачите треба да знаат дека дозволената брзина во населените места е 50км на час, а на регионалните патишта од 90 до 110км на час. Поголема безина од 120 до 130км на час е дозволена доколку возите по автопат. Дневна светла не е задолжително да се користат во оваа земја.

Според законсите прописи обавезно треба да се врзуваат појасите и на задните седишта.

Во Грција се многу високи сообраќајните казни, особено доколку имате во крвта алкохол од преку 0,5 промили може да добиета казна од 75 до 625 евра. За прекорачување на брзината се добива казна од 40 до 750 евра, а доколку не се врзат појасите казната ќе достигне и до 350 евра.

Казни од 100 евра ќе следуваат и доколку кога возите зборувате на мобилен телефон. На црвено светло никако не поминувајте бидејќи тоа би ве чинело 700 евра.

Што се однесува пак за детските седишта законските правилка велат вака: задолжително седиште за деца до 3 години, додека деца постари од 3 години, а пониски од 1,35 м на задно седиште треба да седат во детско седиште. Децата пак пто се постари од 12 години и повисоки од 1,35 можат и треба да користат ремени за возрасни.

Исто така потребно е да се има во возилото сет прва помош сет, задолжително и ПП апарат и триаголник. Рефлектирачки елек не е задолжителен, но се препорачува.

Во Хрватска нема врќе резервации за плажа

Југоносталгичарите и ова лето ќе заминат на одмор во Црна Гора или Хрватска. Цените на Црногорското приморје во зависност од градот се различни но сепак подостапни за македонскиот џеб, во однос на оние во Хрватска.

Туристичките работници информираат дека и покрај високите цени сепак аражманите за хрватското приморје и островите се доста барани.

Но она што е за годинава е интересно за туристите на некои далматински плажи веќе не е дозволено да се резервира место за сончање.

Така на плажите во Макарска е воведена забрана за „резервирање" места на плажите. Тоа значи дека веќе е минато да си обрзбедите место рано наутро.Тоа значи дека разни пешкири, реквизити за плажа и други слични работи кои се оставаат без надзор ќе се сметаат за напуштени и ќе бидат отстранети.Оваа популарна метода досега многу се практикуваше а некои туристи во доцни ноќни или рани утрински часови си обезбедуваа подобро место на плажа, за да уживаат во морето и сонцето.

Доколку во Хрватска патувате со соствен автомобил тогаш треба да ја почитувате и нивната дозолена брзина, бидејќи во населените места ограничувањето на брзината за автомобил и мотоцикли е 50 км на час,а на автопат ограничувањето за автомобил и мотоцикл од 130 км на час.

На останати патишта ограничување се од 90 до 110 км на час. Она што треба посебно да го знаат македонските туристи е што за време на возење во Хрватска е забранета употребата на мобилен телефон, односно дозволена е употреба на хандс фрее. Казна 500 куни ако се користи мобилен.

Исто така поважни телефонски броеви кои што треба да се знаат во оваа земја се: полиција 92 или 112, амбуланта 94 или 112, пожарна 93 или 112, ХАК (инфо-центар): +385 1 464 0800 (потоа бирајте 0), од Хрватска 062 777 777, ХАК(помош на пат): 1987 или од мобилен +385 1 1987

Еве каде во регионот горивата се најскапи, а каде најевтини

Пред да земинете на одмор проверете какви се цените на горивата во земјата каде што планирате да патувате. Земете дигитрон за да пресметате колку пари ќе ви бидат потребни за горив, па потоа одлучете дали ќе одите со автобус.

Изразено во евра најскап бензинот ќе ве чини во Грција, каде за еден литар треба да платите 1, 54 евра. Потоа следи Албанија со цена од 1,29 евра по литар, па потоа доаѓа Словенија 1,25 евра по литар, Хрватска 1,23 евра, Црна Гора 1,22 евра и 1.18 евра по литар бензин 95- ка во Србија.

Ако поминувате низ Босна и Херцеговина бензинот ќе ве чини 0,92 евра по литар,а кај нас во Македонија бензинот е околу едно евро,а дизелот помалк и е најевтин во регионот.

Кога се работи за дизелот Албанија е прва на листата како најскапа од 1,27 евро по литар. Грција 1.26 евро и Србија 1.22 евра, Хрватска 1.11 и Церна Гора 1.07 евра по литар. Ако имате автомобил на плин тогаш треба да знаете дека најскап е плинот во Грција 0,79 евра, Србија 0,62 евра, Црна Гора 0,6 евра и најмалку во Босна 0,39 по литар.

Лежалките за плажа на грчките острови ќе ве чинат солено

Ако сте решиле и оваа година летниот одмор да го поминете во некоја од најпопуларните дестинации на грчкото приморје, особено на островите десет дена поминати на море можат да ве чинат повеќе од самиот аранжман.

Математиката покажува дека просечната цена на комплетниот аранжман во екот на сезоната е околу 300 евра по човек, додека во зависност од дестинацијата, за "ситните трошоци" потребно е да се издвојат дополнителни 35 евра и тоа за секој ден.

За чадор за сонце и лежалки на повеќето плажи нема да морате дополнително да дадете пари доколку нарачате пијалак, но за него треба да се издвојат околу пет евра, додека на нешто поексклузивните плажи ова задоволство може да чини повеќе од ноќевањето во еден просечен апартман. Па така, за ова на некои острови треба да се дадат 15 евра, не сметајќи го пијалакот.

Ако одите на грчка вечер, крстарење или посета на некој ноќен клуб, тогаш за две лица можете да потрошите и повеќе од 60 евра. За вечера во еден ресторан просечен пар плаќа околу 40 евра, додека за гиро е потребно да се издвојат до седум евра.

Кој десетина збора треба да ги знаете во Грција

Добро утро (Καλημέρα) КАЛИМЕРА

Добро вечер (Καλησπέρα) КАЛИСПЕРА

Благодарам (Ευχαριστώ) ЕФХАРИСТО

Хотел (Ξενοδοχείο) ХЕНОДОХИО

Автомобил (Αυτοκίνητο) АФТОКИНИТО

Банк (Τράπεζα) ТРАПЕЗА

Аптека (Φαρμακείο) ФАРМАКИО

Сметка (Λογαριασμό ЛОГАРИАСМО 

Извор - Вечер

Промовирани огласи »

Блумберг направи одлична анализа со која дава одговор на прашањето зошто iPhone никогаш нема да се произведува во САД. Одговорот за многумина е едноставен, тоа е евтината работна сила во Кина како и владините субвенции за големите фабрики. Сепак, причината е многу покомплексна. 

Според податоците само 2,2% од цената на производството на iPhone се должи на вложениот труд, сето останато значи склопување на компонентите и испораката. Во Кина постојат два града со мега фабрики Шенжен и Женгжу каде се склопуваат најголемиот дел од бројните електронски уреди. 

Главната предност е големата понуда на компоненти од добавувачите на Apple, тука се мисли на компоненти за екранот, камерите, батеријата, внатрешните чипови, мобилната антена, материјалите за куќиштето и слично. 

Со ваквата лесна и брза достава на компоненти гига фабрики како Foxconn стигнуваат до многу пониска цена на производство и склопување на еден iPhone што му овозможува на Apple за 65% повисока продажна цена, а со тоа и огромни профити. 

Промовирани огласи »

Најверојатно, знаете дека секој вработен има право на неплатено отсуство и за истото можете да прочитате повеќе информации кои би ви послужиле доколку некогаш треба да го искористите ова право.

За неплатеното отсуство од работа (мирување на работниот однос) основно е дека вработеното лице има право да побара неплатено отсуство поради лични причини или ако е избран или именуван за вршење некоја јавна функција, и за тој временскиот период не прима плата, за него не се плаќаат придонеси за задолжително социјално осигурување, а правата и обврските од работен однос му мируваат.
 
Неплатеното отсуство временски е ограничено и изнесува најдолго 3 месеци во текот на календарската година. Доколку вработениот користи неплатено отсуство од работа 3 месеци, работодавачот е должен да му издаде решение дека работникот користи неплатено отсуство, да ја извести надлежната институција ‒ Агенцијата за вработување, а притоа работодавачот е должен да му го чува работното место.

Како што работодавачот е должен да го чува работното место, така вработениот што користи неплатено отсуство е должен да се врати на работа во точно определениот ден (најдоцна во рок од три дена по престанокот на отсуството или во рок од 15 дена по престанокот на мандатот на јавната функција), согласно решението со кое му се одобрува неплатено отсуство од работа.

Промовирани огласи »

Мобингот е модерна верзија на насилство која е навистина застапена во нашето општество и се повеќе се случува во приватниот сектор.

Според литературата постојат фази на откривање на мобингот и истите решивме да ги претставиме за да го олесниме разоткривањето на оваа појава за побрз период и избегнување на последните фази кои може да донесат трајни трауматски пореметувања кај вработениот.

Прва фаза

Не ви даваат да работите, ве изолираат и престануваат да ве дружат во паузите – знак дека имаат намера да ве избркаат од работното место, било заради тоа што сметаат дека сте вишок, било што ви завидуваат и се чувствуваат загрозени заради вашата способност.

Од оваа фаза можете многу лесно да се извлечете, веднаш расчистете и едноставно прашајте го шефот за што се работи и „покажете заби”. Од одговорот можете да сфатите дали се работи само за нормален проблем на работа кој треба да се реши, или сте навистина жртва на мобинг.

Втора фаза

Обично мобингот трае подолго време и жртвата не забележува, туку се прашува дали работи добро, дека не се труди доволно, дека греши во работењето, дека не може да се приспособи, се чувствува помалку вредна на работа, го губи угледот и правото на глас.

Трета фаза

Жртвата е дежурен виновник за сите пропусти и неуспеси на тимот со кој соработува, се обвинува дека ја попречува работата

Четврта фаза

Се бори за опстанок на работата, се труди да ги изврши сите доверени работи, иако жртвата е свесна дека преобемните работи и со неразумни рокови се со намера.

Петта фаза

Жртвата целосно е исклучена од работниот процес, се разболува, паѓа во депресија, бара помош од психијатар, ја напушта работата, па дури и се обидува да си го одземе животот.

Дали се пронајдовте во некоја од фазите и како тие влијаат на вашето работење? Доколку почувствувавте нешто слично на вашето работно место, време е да поразговарате за вашето место и вашето здравје и да го решите овој проблем кој не ретко се занемарува од вработените.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »