На едниот крај на телефонска линија е Бил Гејтс, основачот на „Microsoft“, кој вети голем дел од своето богатство во корист на борбата против климатските промени. Од другата страна е новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп, кој ги опиша промените во климата како измислица.
Двајцата некако успеале да одржат разговор со барем мала стапка на успех, тврди Гејтс. Тој се остварил пред две недели и траел околу осум минути, овозможувајќи му на Гејтс да претстави дел од плановите поврзани со инвестиции и добротворни цели, пишува „Bloomberg“.
Клучните работи за кои настојував, беа можноста за иновации не само во енергијата, но и во медицината, и образованието и промовирањето на идејата дека тоа е одлично за управувањето на Америка“, коментира Гејтс.
Запрашан дали разговорот и неодамнешните состаноци со Трамп го тераат да биде оптимист, Гејтс коментира: „Па, ќе видиме. Иновациите можат да бидат двопартиски. Сите треба да го дадеме најдоброто од себе“.
Овие коментари основачот на „Microsoft“ ги даде за време на интервјуто во понеделникот, во врска со новиот инвестициски фонд, кој го стартува тој и други милијардери, кој се нарекува „Breaktrough Energy Ventures“. Идејата на Гејтс е да собере 1 милијарда долари, кои ќе бидат на располагање на Фондот од 2017-та година. Целта му е да се зголемат инвестициите во технологијата поврзана со енергија, која ако не елиминирана, тогаш барем ги намалува емисиите на штетни гасови.
Меѓу инвеститорите во „Breakthrough Energy Ventures“ се рангираат Џеф Безос, главниот извршен директор на „Amazon.com“, основачот на „Virgin Group“, Ричард Бренсон и основачот на „Bloomberg“, Мајкл Блумберг. Кон нив се приклучиле и ризични инвеститори како Џон Доер, кои во минатото имаат инвестирано значителни суми во компании за зелена енергија.
Гејтс лично инвестирал околу 1 милијарда долари во технологија во оваа сфера, вели тој. Компанијата, која ја поддржал најмногу е „TerraPower“. Стартапот доби 300 милиони долари, поголемиот дел од нив се од Гејтс, за да направи поефикасни и побезбедни нуклеарни реактори. Истражувањата на компанијата се поддржани и од Министерството за енергетика на САД, како и од групи од Кина.