Промовирани огласи »

Сите мајки се свесни дека е мошне тешко да се биде родител и истовремено да имаш успешна кариера. Така Марија Петерсон од Есекс, Англија кога ја родила ќерката Алис требало или целосно да се откаже од кариерата како пилот или да најде решение. 

Мајка на Марија, Кристина живее во Гетебург, Шведска, а работата како пилот во голема мера ги олеснува работите, затоа што ѝ овозможува на оваа мајка секој ден да патува и да ја однесе ќерката кај баба ѝ.

Марија појаснува дека бременоста со Алис била непланирана, но, како што вели, нашла начин истовремено да се грижи за ќерката и да ја задржи кариерата.

Марија нагласува дека среќна околност е тоа што во авиокомпанијата за која работи има само кратки летови, и дека вообичаено станува во 4 и 30 наутро, а се враќа околу 18 часот попладне.

Промовирани огласи »

Само еден метар квадратен станбена површина на периферијата на главниот град чини две просечни плати, а над три плати треба да се одвојат за еден квадрат на најатрактивните локации. Во градовите од внатрешноста, пак, квадратот е со цена малку над износот на една просечна плата.

За да се купи стан во Скопје потребни се од 117 до 211 просечни плати, или вкупната заработувачка на едно лице од приближно 10 до 17,5 години. Податоците се врз основа на движењето на цена на квадрат од 1000 до 1800 евра зависно од локацијата и општината во Скопје и просечната исплатена нето плата во државава во јуни годинава во износ од 31.869 денари (518 евра). Во градовите од внатрешноста македонските граѓани може да дојдат до ново живеалиште и со вкупната заработувачка од седум години.

Анализата што ја направи МИА, според податоците од тековните огласени цени за становите на продажба преку агенциите за недвижности по случаен избор, покажува дека стан од 60 квадрати на најатрактивните локации во Скопје кој се продава по цена од 1800 евра чини 108.000 или 208 просечни плати, што е над 17 години работа, доколку се плати во готово.

За стан во Центар од 60 квадрати, со цена од 1.600 евра по метар квадратен, се потребни 96.000 евра, односно 185,3 просечни плати или примања во рок од 15 години. За стан со истата квадратура во населбата Капиштец по цена од 1200 евра, треба да се одвојат 72.000 евра, односно приближно 140 просечни плати или да се работи над 11 години. За стан од 60 квадрати во градба во Општина Кисела Вода, огласен со цена од 1400 евра за метар квадратен треба да се платат 84.000 евра, односно 162 плати или 13,5 години работа. Доколку некој се одлучи за стан со таа површина, но по цена од околу 1000 евра по квадрат што во огласите може да се најде во само во периферните населби, ќе треба да одвои 117 плати, односно да ги штеди сите примања речиси 10 години.

За да се купи луксузен стан во Охрид од 63 квадрати, за кој цената е 1450 евра, се потребни 91.350 евра, што се 179 просечни плати или речиси 15 години. Во Охрид, меѓу огласените станови за продажба има и по цена од 1.080 евра, па за стан од 56 квадрати се потребни 60.480 евра или 118 просечни нето плати, или приближно десет години.

Во Штип за огласен стан од 52 квадрати за вкупно 52.000 евра се потребни 100 просечни плати, односно 8,3 години.

За да се купи стан во Дојран, пак, каде дел од огласените се по цени и од 900 евра за метар квадратен, за 60 квадрати се потребни 54.000 евра односно 104 просечни плати или 8,6 години работа.

За во Кочани, пак, за стан во градба од 60 метри квадратни, по цена од 730 евра, или вкупно 43.800 евра, треба да се работи седум години, односно да се одвојат 84 плати. Една година помалку, односно вкупно шест години треба да се работи за стан со таа квадратура во Крива Паланка, каде има огласени станови по цена и од 625 евра за метар квадратен.

Чесите до нова недвижност за 13,3 години, Белгијците за 4,5 години

Последното истражување на Делоитте Пропертy Индеx 2022 година, во кое се опфатени 23 држави, според пресметките од односот на бруто годишната заработувачка и цената, покажуваат дека за да купат недвижности најдолго треба да работат Чесите, 13,3 години. Тоа е речиси четири пати повеќе во однос на Ирците на кои им се доволни малку повеќе од три години. На жителите на Словачка им се потребни 12,76 годишни плати, на тие во Србија 11,5 години. Во Норвешка може да се купи нова недвижност со просечната заработувачка во тек на 4,4 години, а во Белгија 4,5 години.

Истражувањето покажува дека најевтини се новоградбите во Босна и Херцеговина со просечна цена од 974 евра за метар квадратен, во Романија квадратот во просек чини 1.266 евра, во Хрватска 1.823, а во Словенија 3.356 евра. Најскапиот квадрат станбена површина од земјите вклучени во истражувањето е во Велика Британија, каде цената изнесува 4.905 евра, пред Австрија со 4.782 евра и Франција со 4.639 евра. Германија и Холандија се приклучија на листата на најскапи земји во 2021 година, со цени од 4.600 и 3.949 евра за метар квадратен.

Раст на цените на недвижностите и во вториот квартал

Цената на недвижностите во државава продолжи да се зголемува и во вториот квартал годинава кога забележа раст од 16,5 отсто на годишно и од 6,8 отсто на квартално ниво. Во првиот квартал годинава, растот на цените на недвижностите изнесуваше 12,4 проценти на годишно ниво, а квартално 2,9 проценти.

Пресметките на консултантската компанија за недвижности Фортон МКА, објавени на крајот на јуни годинава, покажуваат дека просечната цена на метар квадратен станбен простор во Скопје во изминатите три години се зголемила за 20 отсто.

Промовирани огласи »

Дополнителното намалување на ДДВ-то не би имало големо влијание на цената на електрична енергија, бидејќи таа на слободниот пазар е над 1.000 евра, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски во однос на барањата на бизнис секторот за ублажување на ударот од високите цени на струјата за компаниите.

Во однос на намалувањето на ДДВ-то, тоа е веќе намалено за електричната енергија. Ако треба ќе се намалува повторно, но тоа не би имало големо влијание на цената на електрична енергија, кога знаеме дека таа е над 1000 евра поставена на слободниот пазар. Што се однесува до маржите на трговците со електрична енергија, прво треба да се направи анализа и тоа од страна на Регулаторната комисија, да видиме колку се големи тие маржи и дали воопшто има маржи на овие цени на електричната енергија, изјави денеска Ковачевски по пуштањето во употреба на системот за наводнување „Славишко поле“ во Општина Ранковце.

Тој нагласи дека ова прашање веќе е разгледувано на Економскиот совет и штом ќе ги имаат пресметките, Владата ќе интервенира во тој дел.

Премиерот посочи дека клучно во следниот период е да се направат заштеди на електричната енергија секаде каде што е можно.

Се наоѓаме во период кога цените на електричната енергија се највисоки и се повисоки од која било економска логика, зборувам за целиот европски континент, а она што го имаат како задача сите ресори во Владата и компаниите кои што се во државна сопственост, тоа ќе мора да го испорачаат со цел да имаме непречено снабдување со електрична енергија, додаде премиерот Ковачевски.

Промовирани огласи »

До крајот на годината цената на гасот во Европа може да се искачи на 5.000 евра за илјада метри кубни. Таква прогноза денеска објави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.

Во однос на поскапувањето на гасот на 3.500 евра за илјада кубни метри, треба да ја зголемам предвидената цена на 5.000 евра до крајот на 2022 година, напиша Медведев на Телеграм.

Медведев претходно објави дека во Европската унија „синото гориво“ до крајот на годината може да достигне цена од 4.000 евра за илјада кубни метри.

Цената на гасот во Европа вчера ја надминаа бројката од 3.500 долари за илјада кубни метри, првпат од 8 март. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »