Промовирани огласи »

Германски институт за економски истражувања

Работниците низ светот поминуваат многу часови работејќи од дома и, всушност, би сакале да го прават тоа уште повеќе, покажуваат резултатите од новото германско истражување.

Според истражувањето спроведено од германскиот институт за економски истражувања „Ифо“, вработените во просек работеле од дома еден и пол ден во неделата. Беа опфатени 27 земји и работници во сите индустрии. Моделот работа од дома доби интензитет по избувнувањето на пандемијата на коронавирусот, пред две и пол години.

Од „Ифо“ наведуваат дека во САД, просекот на работа од дома е 1,6 ден, во Германија 1,4, во Франција 1,3, а во Јапонија 1,1.
Никогаш досега настан како пандемијата на коронавирусот толку сеопфатно не ги променил животите на вработените за толку кратко време – коментира истражувачот на „Ифо“, Матијас Долс.

Германскиот научник работел со колеги од пет други истражувачки институции во САД, Велика Британија и Мексико, вклучувајќи ги и универзитетите „Стенфорд“ и „Принстон“. Долс забележа дека резултатите даваат просечна вредност и вклучуваат некои индустрии каде што воопшто не е можно да се работи од дома. Резултатите се базираат на вкупно околу 36.000 прашалници, а истражувањето е спроведено во два круга, во летото 2021 година и во јануари/февруари оваа година.

Истражувањето откри уште едно нешто што го имаат работниците во сите држави – вработените повеќе сакаат да работат од дома отколку нивните шефови. Во просек, во сите 27 земји, 36.000 испитаници би сакале да работат дома во просек 1,7 ден неделно. Компаниите, пак, би сакале почесто да ги гледаат своите вработени во канцеларија. Во просек, тие планираат или сакаат нивните вработени да работат од дома само 0,7 дена во неделата.

Промовирани огласи »

Tесла“ повлекува 1,1 милион возила во САД поради дефект на системот за автоматско спуштање на прозорците, пренесуваат медиумите во регионот.

Оваа грешка, според написите, може да предизвика возилото да не открие пречка и да резултира со повреда.

Системот за автоматско спуштање на прозорците работи така што спречува повреда на патниците на возилото со запирање на прозорецот доколку наидете на пречка, се наведува во новинарските извештаи.

Од „Тесла“ изјавиле дека не знаат за какви било барања поврзани со несреќи, извештаи од терен, повреди или смртни случаи, поврзани со тој проблем.

Промовирани огласи »

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи смета дека доколку се одржиме на проекциите на крај на годината просечната годишна инфлација ќе биде 10 до 11 проценти.

Тој вечерва во гостување на ТВ Телма рече дека во период на криза дури и влегувањето во рецесија не е најстрашното што може да се случи и порача дека е важно да имаат ефект одлуките што ги носат сите чинители.

Сме се справиле и со потешки ситуации, ќе се справиме и од излегување од рецесија како земја, а особено сме покажале дека економијата е доволно флексибилна за да се справи со сето тоа ако има добар партнер во Владата, а ние покажавме дека во период на ков ид и тоа како има добар партнер. И затоа јас не стравувам многу дали ќе влеземе во рецесија, рече Битиќи, истакнувајќи дека е важно дали даваат одреден ефект одлуките коишто ги носат сега различните чинители.

Ефектот што сака да се постигне е, како што рече, да го намалиме притисокот за зголемувањето на инфлацијата на ниво на коешто ќе биде неиздржливо.

-Ние ако се одржиме на проекциите, а мислам дека на крај на годината просекот во цела година ќе биде отприлика 10 до 11 проценти инфлација во една од најтешките години со низа на кризи. Сметам дека е доста добра стапка на инфлација, и да кажеме, разумна за нашата економија за да може да се покрие наредниот период. Неразумно е се што е над 20 проценти, рече Битиќи.

Тој се осврна на преговорите за набавка на струја со Бугарија и посочи дека се додека има преговори ние не велиме дека сме се откажале. Впрочем преговорите се отвораат за да преговараш, рече Битиќи.

Во тој контекст ја нагласи важноста на јавните средства бидејќи, како што посочи, на крајот на денот стопанствениците коишто евентуално би ја добиле електричната енергија со евентуална набавка или договор што ќе би се постигнал со Бугарија и со која било друга земја може утре да излезат и да кажат сега плаќаме, 70, 80 или 100 евра повисока цена отколку што би платиле да почекавте една недела.

Промовирани огласи »

Продолжува тенденцијата на зголемена купопродажба на станови во земјава. Дека интересот за купување станови не стивнува покажуваат и податоците од Агенцијата за катастар на недвижнини на Македонија.

Во последниот објавен квартален извештај на Агенцијата може да се види дека во првите три месеци од годинава се направени повеќе договори за купопродажба на недвижен имот во споредба со истиот период минатата година.

Имено, во првиот квартал од 2022 година, во базата на Регистарот на цени и закупнини се регистрирани 8.012 трансакции, од кои 5.919 продажби на недвижности и 2.093 закупи на недвижен имот. Притоа вкупната вредност од купопродажба на недвижности достигнува 218 милиони евра.

- Споредбено по месеци од овој квартал може да се забележи дека најголем број трансакции има во март, односно во Регистарот на цени и закупнини се регистрирани 3.267 трансакции. Најмалку трансакции се регистрирани во јануари, и тоа 2.091, додека во февруари се регистрирани 2.654 трансакции. Доколку се разгледа обемот на трансакции по месеци и по тип на трансакција, може да се заклучи дека најголем број купопродажби се регистрирани во март, односно 2.437 купопродажби, исто така најмногу регистрирани закупи се евидентирани во март т.е. 830 закупи - се посочува во извештајот.

Целиот текст прочитајте го на Фактор.мк

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »