Почнувањето на нова работна позиција некогаш не е најпријатно искуство не само што не ги познавате вашите соработници, туку не знаете каква култура на работното место да очекувате или со каков стил на управување ќе се соочите. Прилагодувањето може да потрае но, има многу начини да се олесни и да се осигурате дека побрзо ќе се интегрирате во вашиот нов тим.
Еве неколку совети кои ќе ви помогнат полесно да се адаптирате во новата работна средина:
- Не зборувајте за она што сте го правеле на претходното работно место. Може многу да ве чини.
- Не блефирајте. Ако не знаете како да сработите нешто, прашајте.
- Признајте си ги грешките. Секој греши. Не се обидувајте да ги прекриете.
- Прашувајте, фаќајте забелешки. Но, внимавајте да не станете досадни, запаметете го она што го ви кажуваат, не прашувајте исти работи постојано.
- Ако работите во канцеларија, не се облекувајте премногу лежерно. Делувајте пристојно во секој момент.
- Внимавајте што се зборува за време на team building часовите. Бидете активен слушач и говорник.
- И запомнете, секое работно место си има свој ритам, треба само да се научите да го следите.
Иако на почетокот може да се чувствувате дезориентирани, има неколку работи што можете да ги направите за да го скратите периодот на прилагодување и да поминете низ кривата на учење и да го најдете своето место.