Промовирани огласи »

Овој модел веќе се вкорени во некои европски земји, како Британија и Исланд

Познатиот германски производител на облека „Гери Вебер“ (Gerry Weber) им дозволува на своите вработени сами да одлучат дали во иднина сакаат да работат четири или пет дена во неделата.

Храброста и довербата се секогаш добри, тоа е моето верување – изјавила шефицата на компанијата Анџелика Шиндлер-Обенхаус за дневниот весник „Билд“.

Според неа, тој модел е профитабилен и за компанијата и за вработените.

Работниците имаат свои потреби кои можат да се променат во зависност од нивната животна ситуација. Колку се пофлексибилни рамковните услови на работодавачот, толку повеќе може да се задоволат тие потреби - додаде таа.

Исто така, се наведува како на вработените им се дава автономија и самоодговорност.

Тие на тоа гледаат како на признание, а тоа придонесува за поголема мотивација и лојалност – објаснува Шиндлер-Обенхаус.

Гер„Гери Вебер“, се наведува, има намера во иднина да биде „атрактивен“ работодавач. Шефот на модниот бренд смета дека на Германија и е потребен ваков модел поради недостигот на квалификувана работна сила.

Инаку, потсетуваме дека Британија започна со истиот пилот проект, а дека овој модел се покажа како многу успешен и во Исланд.

Промовирани огласи »

Денес, KARIERA.mk беше во посета и дружба на универзитетот ФОН и ги запозавме студентите со нашиот нов продукт, МојаКАРИЕРА картичка, како и придобивките за истата. Студентите освен добиените информации можеа и да се почестат и со КАРИЕРА кафенце и чоколатца. 

Што добивате ако ја активирате вашата МојаКАРИЕРА картичка: 

Препорака кај компаниите! BASIC

Вашето CV ќе биде директно препорачано до компаниите за каде би соодејствувало. KARIERA.mk има одличен партнерски однос со многу компании од државава па така со ова вашата потрага по совршеното работно место ќе биде многу побрза.

Професионална проверка на вашето CV! PRO

Тимот на KARIERA.mk е составен од професионалци кои секојдневно прегледуваат огромен број на CV-а. Со купување на картичката добивате персонализирана проверка на вашето CV и сугестии за промени и корекции со цел ваше претставување во најдобро светло пред потенцијалниот работодавец.

Видео обука за вештини за вработување!

Сертификат за обуката! 

Платена пракса од 20 часа неделно!

Стручни текстови и совети за кариерен развој!

Дружењето беше одлично, студентите се иднината на пазарот на труд и се секогаш добредојдени членови на нашиот сервис!

Промовирани огласи »

b watch 1920 е најценет и добро познат бренд за продажба и дистрибуција на часовници во Македонија. Вршиме сервис на сите типови на часовници. Можете да ги посетите нашите продажни салони во Скопје и Битола.

Моментално се отворени следниве работни позиции:

АСИСТЕНТ ЗА ПРОДАЖБА БИТОЛА
АСИСТЕНТ ЗА ПРОДАЖБА СКОПЈЕ
АСИСТЕНТ ВО СЕКТОРОТ ГОЛЕМОПРОДАЖБА
РАКОВОДИТЕЛ НА МАЛОПРОДАЖБА

Промовирани огласи »

Кренете рака ако ја сакате идејата да заработувате дополнителен приход или да се откажете од канцеларискиот живот за да научите како да заработувате пари од дома.

Еве некои од најдобрите начини да заработите пари од дома:

Airbnb домаќин

Дали имате дополнителна соба во куќата или пак цел апартман? Обидете се да ги изнајмувате на Airbnb.com.

Дадилка

Ако сакате деца, може да поминете неколку часа неделно во чување деца.

Писател, едитор или коректор

Сите велат дека сте фантастичен писател, па зарем не е време да го искористите талентот за добивање плата, особено за онлајн содржини. Постојат голем број веб-страници за пишување за да најдете хонорарна работа.

Онлајн курс

Ако ви оди добро на факултет, лесно е да помислите дека и на сите други им е така, но вистината е дека многу луѓе се борат за положување на голем дел од предметите.  Можете да заработите со тоа што ќе им помогнете и ќе ги научите што знаете преку онлајн курс.

Социјални мрежи

Сите ние секојдневно поминуваме многу време на социјалните мрежи – Фејсбук, Инстаграм, Снепчет, Твитер, а листата продолжува. Ако сте навикнати да добивате многу лајкови или коментари, или ако сте одлични во мотивирањето на другите преку вашите објави, можеби ќе сакате да размислите да го претворите ова во професија.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »