Промовирани огласи »

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денара по литар, а цената на другите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,89 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 86,5, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 сега ќе се продава за 88,5 денари за литар. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат и остануваат 90, односно 85,5 денари за литар и 43,046 денари за килограм.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 4,336 отсто, кај дизелот за 2,826, кај екстра лесното за 2,731 и кај мазутот за 2,066 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,143 отсто. 

Промовирани огласи »

Axapta Masters е Microsoft Partner фокусиран на „остриот крај“ на дизајнирање, управување и доставување на Microsoft Dynamics 365 имплементации, интеграции, развој, поддршка, надградба и услуги за миграција на податоци. Со текот на годините, им помогнавме на многу клиенти во градењето на нивните успешни приказни со имплементација и прилагодување на нивните ERP системи. Нашето портфолио изобилува со кратка и брза и долга и сложена имплементација на системите Microsoft Dynamics AX/365. Нашите консултанти и технички извршители им помагаат и на корисниците и на партнерите на Microsoft Dynamics да ги подобрат своите деловни процеси и да ја искористат дигиталната трансформација. Обезбедуваме техничка и функционална поддршка од далечина или на лице место, вклучувајќи 24/7 онлајн поддршка, телефонска поддршка, програма за приспособена поддршка која ги исполнува флексибилните времиња на одговор и услуги за поддршка на Microsoft Dynamics AX и CRM за ескалации на критични проблеми.

Моментално се отворени следниве раборни позиции:

BUSINESS ANALYST INTERN
SOFTWARE DEVELOPER – INTERNSHIP
PRODUCTION FUNCTIONAL CONSULTANT
SERVICE DELIVERY MANAGER
GERMAN SPEAKING SUPPORT SPECIALIST
PROJECT MANAGER

Промовирани огласи »

Јавното претпријатие за државни патишта од граѓаните по основ на патарини во вториот квартал годинава наплатило 12 милиони евра, односно 13.6% повеќе споредбено со истиот период од минатата година.

Дополнително, во однос на минатата година зголемен е и приходот од патна такса што се плаќа при регистрација на возилата за 3.48%.

Пратениците од Левица во март месец поднесоа анти-кризен закон за олеснување на ефектите од економската криза, односно предложија намалување на цените на патарините за 50 отсто и одземање на ингеренциите на Владата за регулирање на патарините и трансферирање на ингеренциите на Собранието.Но, ваквиот Предлог-закон беше одбиен од страна на 57 пратеници на корумпираните СДС и ДУИ, реагираа денеска од Левица преку соопштение. 

Оттаму потсетија дека приходите кои ги остварува ЈПДП треба да се користат за реконструкција на патиштата, одржување на инфраструктурата и патната сигнализација, ситуацијата на терен е: катастрофални патишта со кратери, несоодветни сигнализации, незавршени реконструкции и изградби на нови патишта, како и патишта опасни по безбедноста на граѓаните.

Патарините треба да бидат соодветни на социјалниот стандард на граѓаните и нивната економска моќ. Недозволиво и крајно брутално е во ек на голема економска криза, која најсилно удира по џебот на граѓаните, да се дозволува профитирање на нивна штета и дополнително отежнување на нивната состојба со необјасниво најскапи патарини во регионот, велат од Левица. 

Промовирани огласи »

Во собраниска процедура денеска влегува Буџетот за 2023 година. Буџетот е во насока на надминување на предизвиците од глобалната економска и енергетска криза за што се предвидени 250 милиони евра. Веќе во март следната година ќе имаме ново зголемување на минималната плата и ново покачување на пензиите, изјави денеска пратеничката од редовите на СДСМ Даниела Колева на прес-конференција во Собранието.

Овој најважен документ за македонската економија е прв буџет усогласен со новиот Закон за буџети. Буџетот е во насока на надминување на предизвиците од глобалната економска и енергетска криза за што се предвидени 250 милиони евра. Приходите во споредба со 2022 година се зголемени за 14,8 посто додека дефицитот се намалува на 0,7 процентни поени  во однос на проекциите за 2022 година, информира Колева.

Како одовор на последиците од кризата, но и за унапредување на животниот стандард на граѓаните, како што рече, се зголемуваат средствата за исплата на плати, пензии и социјални трансфери.

Седумдесет и пет милијарди денари или 10 отсто повеќе се зголемуваат средствата за исплата на пензии, додека 12,5 милијарди денари се предвидени за исплата на надоместоци за социјална заштита на најранливите катеогрии граѓани. Обезбедени се дополнителни средства за усогласување на платите со минималната плата во текот на слендата година согласно новата методологија. Веќе во март следната година ќе имаме ново зголемување на минималната плата и ново покачуивање на пензиите, најави Колева.

Во Буџетот, дополни таа, не се занемарени ниту капиталните проекти кои се на ниво од близу 800 милиони евра или за околу 52,3 проценти повисоки во однос на проекцијата за 2022 година.

Буџетот за 2023 година е развоен и обезбедува услови за зголемен економски раст кој во следната година според проекциите на ЕБОР треба да изнесува 2,3 отсто што е повеќе во однос на проекциите за растот во земјите на еврозоната кој исто така според ЕБОР е проектиран на 0,3 отсто. Повикуваме сите пратеници низ конструктивна и аргументирана дебата да го поддржат Буџетот за 2023 година кој е во интерес на граѓаните и македонската економија, нагласи Колева.

Одговарајќи на новинарско прашање, Колева посочи дека до крајот на оваа година очекуваат поголем процент на реализација на капиталните проекти.

Со оглед на тоа што се зголемени приходите во првите три квартали во споредба со минатата година, заради тоа имаме поголеми приходи. За следната година се проектирани поголеми суми и поголем број на инвестиции и капитални проекти, рече Колева.  

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »