Промовирани огласи »

Кога ќе успеете да ја пронајдете работата која што ја сакате ќе бидете многу среќни и задоволни, но сепак тоа претставува еден долг процес и нормално дека постои шанса да бидете одбиени од одредена позиција за која што сте аплицирале.

Биографијата која што ќе ја испратите за да аплицирате за некоја работа често може да ги зголеми или да ги намали вашите шанси за време на интервјуто. Има многу сoвети и трикови кои може да ги користите за да изработите одлична биографија.

Вашата биографија треба да биде лесна за читање, следење и визуелно привлечна. Постојат примери за тоа како би требало да изгледа една биографија кои може да ги најдете на интернет. Треба да знаете дека од особено значење е резимето да е пократко од аспект на сите професионални контексти, бидејќи вие имате ограничен простор, а регрутерот ограничено време. Скратете ја вашата биографија со тоа што ќе се ослободите од зборови како што се со цел, во основа, на пример, ослободете се од ирелевантните работни функции, скратете го растојанието помеѓу линиите и користете прецизни и моќни зборови.

Доколку ги применувате сите овие чекори,вашата биографија ќе изгледа многу повеќе професионално и ќе направи да изгледате по квалификувано за работната позиција за која што аплицирате.

Промовирани огласи »

Од денес, ексклузивно на KARIERA.mk можете да ги најдете сите активни огласи за вработување на The body shop

The body shop е козметички бренд кој верува дека бизнисот може да биде сила за добро и ги става луѓето и планетата на прво место, влегува на македонскиот пазар. Изработува производи кои содржат состојки од етички извори и природно потекло кои помагаат телата да се чувствуваат прекрасно и негувано.

Денес, сме доверлив глобален бренд со децении успешен активизам зад нас и сме во позиција да ги решиме предизвиците на милиони клиенти за да обезбедиме долгорочна позитивна промена. Бидејќи сме насочени кон раст и континуиран развој го прошируваме својот тим! Придружете ни се!

Моментално како активни се следниве работни позиции:

ПРОДАЖЕН АСИСТЕНТ/КА
МЕНАЏЕР НА ПРОДАВНИЦА

Промовирани огласи »

Македонскиот пасош е рангиран на 44. место според индексот на Henley Passport за 2023 година, и со него без визи може да се патува во 125 земји во светот.

Северна Македонија бележи напредок од една позиција во однос на лани кога беше позиционирана на 45 место.

Од земјите во регионот, најдобро рангиран е грчкиот пасош на осмото место и со него може да се патува во 185 земји, словенечкиот е на 11 позиција (182 земји), следуваат бугарскиот и хрватскиот на 18 (174), српскиот е 38 (136), црногорскиот 45 (124). Пасошот на Босна и Херцеговина е на 49 место (118 земји), на Албанија на 51 (115), а на Косово е рангиран како 101 (41).

На врвот на листата на Henley Passport се јапонскиот, сингапурскиот, јужнокорејскиот, шпанскиот, германскиот, италијанскиот, како и пасошите на скандинавските земји. На дното, пак, се патните исправи на Сирија, Ирак и Авганистан со кои без визи може да се патува во само во двесеттина земји во светот. 

Промовирани огласи »

Инфлацијата и немањето работна сила најмногу ги погодуваат малите фирми. 

Очекувањата на малите фирми во декември во САД се намалиле. Тие имаат најлоши прогнози за период од шест месеци. Газдите мака мачат да најдат работници.  Третина од газдите ја навеле инфлацијата како најголем проблем, исто како и во ноември. Но, 41 отсто рекле дека не можат да најдат работна сила. Ова најмногу ги погодува транспортот, индустријата и градежниот сектор. Но, и за 2023 година немаат оптимизам. Очекуваат дека состојбата ќе се влоши. 

Image by Tumisu from Pixabay

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »